Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Cotton Club

Италијанскиот дизајнер на чевли уште една жртва на коронавирусот

Италијанскот дизајнер на чевли Серхио Роси почина на 84 годишна возраст. Откако бил примен во болница пред неколку дена во Чезена, град во областа Емилија-Ромања која е еднa од најпогодените области од пандемијата со коронавирус, беше објавена веста дека веројатно починал од оваа болест.

Неговите чевли во своите колекции ги користеа дизајнери како Версаче, Долче и Габана, а ги носат и славни личности како Ријана, Парис Хилтон, Лора Дерн, Аријана Гранде…

Чевларскиот Занает Роси го научил од својот татко, а во 1966 почнал да ги продава своите креации во продавници во Болоња, пред да го лансира својот истоимен бренд во 1968 година.

Во 1999 година, брендот Серхио Роси беше продаден на групацијата Гучи, сега познат како Kеринг, еден од најголемите светски модни конгломерати , а потоа, во 2015 од Керинг на Европската инвестициска куќа Инвестиндустриал.

Дизајнерот ги сакал жените и бил способен да ја долови женственоста на единствен начин. Никогаш не претерувал, секогаш имал добар вкус. Чевлите му се секогаш за носење, а не се задоволувал додека не ги доведе до перфекција. Тие за него не биле само моден додаток. Еднаш изјавил дека сака да создаде совршена екстензија на женската нога.

Минатиот месец Роси донирал 100 000 евра во една миланска болница како помош во борбата против коронавирусот.

Прочитај

Four Seasons

Мистичната река во Јужна Америка, полна со возбуда и прекрасни животни … На пловидбата на втората најдолга река во светот, долга 6992 километри, ќе...

Green Tea

Некои луѓе едноставно се целосно посветени на својата работа, а совршен пример за тоа е Џим Бевериџ… Тој скоро наполни четириесет години работа, со...

Cotton Club

Брендот „ Louis Vuitton“ започнува нова колекција на кожни производи, дизајнирани од Виргил Абло, кои се дел од линијата „Таигарама“… Целиот опсег вклучува различни...

Route 66

Range Rover 6×6, секако, со погон на сите шест тркала, изработен од компанијата T. Fotiadis Design е вистинско ремек дело. Станува збор за компанија...