Шпанскиот моден бренд Mango неодамна ја претстави својата Плус линија „Violeta“, чие лансирање е закажано за престојната пролет. Во „колекцијата за млади“ како што ја нарекуваат во компанијата, вклучени се фармерки, маици со леопардски и цветен принт, женствени фустани и кожни јакни со конфекциски број од 12 до 24.
Заштитно лице на кампањата е австралискиот модел Робин Лоули. Колекцијата е наменета за современи жени кои бараат многу и сакаат да се чувствуваат атрактивно, секси и модерно. Почетната модна линија содржи 400 парчиња кои нудат удобност и женствен изглед, а предвидено е секој месец истата да се дополнува со нови производи. Зад колекцијата стои тим од 40 експерти од различни дисциплини.


You must be logged in to post a comment Login