Диор ја слави природата во нејзината последна модна кампања, наречена Nature in Bloom …

Кампањата е снимена за модната сезона пролет / лето 2020 година, а во неа главна улога имаат моделите Рут Бел, Јиали Жао и Селена Форест кои позираат во затворен простор, со прекрасни цветни аранжмани. Дизајнерката, Марија Грација Кури ни претстави луксузни парчиња тексас, транспарентни блузи и ботанички инспириран вез, што се истакнува особено на фотографиите потпишани од Шарлот Хајден. Барон & Барон работеле на креативната насока на оваа кампања, додека фризурите ги потпишува Бенџамин Милер, а шминката е дел од работата на Питер Филипс.

You must be logged in to post a comment Login