Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Cotton Club

Дали корона вирусот засекогаш ќе ги промени модните ревии?

Корона висрусот веќе на многу начини, го промени светот. Многу важни културни, спортски и модни настани се одложени поради новонастанатата ситуација, за некое подобро време, за следната година или ќе бидат одржани во некој друг облик – а тоа најчесто е онлајн. Бидејќи Paris Fashion Week  за мажи, како и неделата на висока мода, се откажани, мораме да се запрашаме: која е иднината на модните ревии?

Откако пандемијата на корона вирусот предизвика одложување на Олимписките игри за следната година, неизбежно е да се запрашаме на кој начин оваа ситуација ќе ги промени модните ревии најавени за јуни и јули оваа година. Управниот одбор на овие модни случувања овјави дека подготовките на Paris Fashion Week за машка облека кој беше закажан за 23-28 јуни, како и Paris Haute Couture Fashion Week , најавен за 5-9 јули, за сега се стопирани. Во моментов се размислува на друга алтернатива, со оглед на тоа дека на сите им е во интерес да се одржат могните ревии. Меѓутоа се поставува прашањето на кој начин?

Модната недела можеме да ја поделиме во 4 групи: брендови, призводство, купувачи и медиуми. Најпрво, како да функционираат првите три сектори во моменталните услови? Како еден од најмоќните светски брендови, Giorgio Armani беше првиот дизајнер кој ја разгледуваше својата модна ревија , бидејќи сите предупредувања околу пандемијата сериозно започнаа на крајот од Milano Fashion Week во февруари. Многу одговорно, ги замоли гостите наместо со присуство, да го погледнат преносот на ревијата во живо на интернет. Ако модната индустрија е принудена да смислува нови решенија, овој формат на Armani веројатно е најприфатлив, како и идејата на елегантно смислени модни филмови кои ќе ги прикажуваат колекциите на дизајнерите.

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

____celebrity

Пејачката Шакира синоќа настапи на финалето на Светското првенство, а во таа пригода носеше уникатен костим креиран од брендот Роберто Кавали. За оваа пригода,...

Life Story

Сè повеќе луѓе ја воведуваат оваа навика пред ручек. Високиот холестерол доведува до натрупување на плаки во крвните садови, што може да доведе до...

Green Tea

Ако се сеќавате на трендот „Моќта на шминката“ кој беше исклучително популарен пред една деценија, тогаш не ни треба многу убедување за трансформативната моќ...

Green Tea

Антибиотската терапија е неопходна за уништување на бактерии и бактериски инфекции, но додека се прави тоа може да предизвика колатерална штета во дигестивниот тракт....

Advertisement