Во 2013, Christiam Louboutin лансираше својата колекција на т.н.,, Nude” балетанки vo 5 нијанси кои одговараат на бојата на кожата, било да се тоа темни или светли балетанки.
Од тогаш па наваму, овој дизајнер претстави две нови нијанси на балетанки , а сега ни ја претстави неговата колекција пролет/лето 2016 ,со нов стил на балетанки , Solasofia. Изработени се од мека и нежна кожа и имаат ѓонови кои обезбедуваат неверојатна удобност. Овие балетанки се од најбледата , па се до најсветла нијанса и овие балетнаки одговараат на сите комбинации.
Со претставувањето на оваа колекција на балетанки, се прикажани и визуелните елементи кои ги пратат овие балетанки. Во оваа кампања беа вклучени познатите фотографи Sofia & Mauro и на фотографиите можеме да забележиме девојки кои се во здолништа и кои се дел од аутфитот и балетанките во бои кои одговараат на изгледот. Цената на еден пар вакви балетанки од колекцијата изнесува 600 долари.