• Сподели на:

Блогерките на плажа: 48-те најдобри изгледи од Инстаграм за шик летен одмор

___

Зошто постојано се мачиме себеси гледајќи слики од летните одмори на другите луѓе додека ние седиме покрај бирото или чекаме автобус за на работа?

blogerkite-na-plazha-48-najdobri-izgledi-od-instagram-za-sik-leten-odmor-00101.jpg

Затоа што има нешто неодоливо во фотографиите од плажи, иако во реалноста не се оние совршени, рајски песочни плажи за уживање што ги гледаме на Инстаграм, туку на голем дел од нив постојано има гужва, премногу е жешко или премногу е полно со деца кои врескаат и фрлаат песок едни на други.

Мазохистички или не, не можеме да ги прескокнеме најдобрите стилски избори за на плажа, без разлика дали се во Мајорка или Малибу, Тулум или Тајланд.

Оваа галерија е составена од 48-те најинспиративни фотографии од интернетот, за да ве поттикнеме да почнете да го планирате летниот одмор или ако ништо друго да видите колку може да биде убав. А, секако и најубавите модни парчиња кои задолжително треба да ги понесете.


Оставете коментар

___