Поради нејзината професија Амал досега беше гледана во префинети модни комбинации, па затоа многу беше чудна оваа комбинација на познатиот адвокат за човекови права. На лежерна вечера во еден ресторан во Њујорк , триесет и седум годишната сопруга на заводникот Џорџ Клуни го покажа стомакот, носејќи топ во комбинација со шарени панталони со висок струк.
Светските медиуми се воодушевени од овие фотографии, па ги споредуваат со многу помладата Ријана која е позната по екстравагантните и софистицираните модни комбинации. Иако постојано е позната по елегантните и софистицирани комбинации, овој пат таа не се плашеше од модните провокации и оргиналните парчиња.




You must be logged in to post a comment Login