35 – годишната бразилска убавица Адријана Лима неодамна на една ревија се појавила облечена во секси црн фустан со многу длабоко деколте, и тоа без градник!

Таа уште повеќе го привлекла вниманието на своето деколте со раскошниот дијамантски ѓердан. Интересниот фустан имал и прилично висок шлиц кој ги открил нејзините згодни, долги нозе.

Со оваа провокативна комбинација Адријана одбрала да искомбинира црни сандали на врзување со висока потпетица.

Дискретната шминка дополнително ја нагласила нејзината природна убавина, а рамно исфенираната коса убаво го врамила нејзиното прекрасно лице.




You must be logged in to post a comment Login