• Сподели на:

7 начини како да ги разликувате оригиналните чанти од евтините копии

___

Купувањето на скапи и квалитетни чанти е долгорочен влог кој би требало да е добро размислен за да не се изгорите.

7-nacini-kako-da-gi-razlikuvate-originalnite-canti-od-evtinite-kopii-1.jpg

Клучно е да ги проверите сите детали, затоа што неретко продавниците знаат да ве прелажат и да заработат на вашето „незнаење“ на оваа тема.

Затоа надитрете ги и заштедете си ги парите.

Еве како ќе препознаете дали се работи за оригинал или копија:

1. Внимавајте на деталите

Секој оригинал е внимателно проверен. Сите нееднаквости и ситните несовршености се неприфатливи за скапите брендови. Затоа погледнете ги порабувањата и конците, така најлесно ќе откриете дали треба да сте загрижени дека се работи за копија.

7-nacini-kako-da-gi-razlikuvate-originalnite-canti-od-evtinite-kopii-2.jpg

7-nacini-kako-da-gi-razlikuvate-originalnite-canti-od-evtinite-kopii-3.jpg

2. Нитни и патенти

Посветете се повторно на ситниците – нитните и патентите. Ако не се направени квалитетно, ако името на брендот делува како отпосле да е запечатен, ако патентот е излупен – тогаш не се работи за оригинал.

7-nacini-kako-da-gi-razlikuvate-originalnite-canti-od-evtinite-kopii-4.jpg

3. Материјал

Познатите брендови обично користат груба кожа за изработка на чантите. Површината мора да е мазна, без набори и нерамнини. Брендираните чанти имаат цврста форма и ако ги изобличите, брзо ќе се вратат во првобитната состојба.

7-nacini-kako-da-gi-razlikuvate-originalnite-canti-od-evtinite-kopii-5.jpg

4. Името на брендот

Тука е важно да го препознаете фонтот. Плус, секое неквалитетно испечатено лого, со дамки од боја или недостаток на ќошиња од буквите, укажува на копија.

7-nacini-kako-da-gi-razlikuvate-originalnite-canti-od-evtinite-kopii-6.jpg

5. Сериски број

Кај оригиналите невозможно е да го отстраните серискиот број бидејќи тој е фабрички залепен или зашиен. Кај копиите тој е дополнително залепен и личи на обична хартиена лепенка.

7-nacini-kako-da-gi-razlikuvate-originalnite-canti-od-evtinite-kopii-7.jpg

6. Пакување

Оригиналните чанти никогаш не се продаваат во пластични кеси. Нивните пакувања се секогаш уредни, без нееднаквост на боите или силиконски лепак кој се познава.

7-nacini-kako-da-gi-razlikuvate-originalnite-canti-od-evtinite-kopii-8.jpg

7. Заштитни знаци на брендот

Пред да се упатите на шопинг, добро би било да го „запознаете“ брендот кој сакате да го купите.

Пример, оригиналната Диор чанта никогаш нема постава во спротивна боја од надворешноста на чантата, како на фотографијата. Светкавата сатенска постава која се граничи со најлон исто така е лош знак.

7-nacini-kako-da-gi-razlikuvate-originalnite-canti-od-evtinite-kopii-9.jpg

 


Оставете коментар

___