Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Cotton Club

7 клучни модели на кошули и блузи кои можат да го освежат Вашиот изглед

Ленени, со тантела, карнери…многу модели кои можат лесно да го надополнат Вашиот изглед!

Блузите без прерамки се повторно во мода. Но тоа не значи дека сите кошули и блузи треба да ги спакувате. Сите знаеме дека интересна кошула или блуза може да биде вистински избор на речиси секоја комбинација.  Затоа Ви претставуваме 11 модели на кошули и блузи кои лесно го надополнуваат и освежуваат секој стил.

Пеплум блуза

Откако стана актуелен (пред две, три сезони) ова парче облека не излегува од мода било да е пролет, лето есен или зима. Лелеав и секси, стана основен дел на секоја комбинација кој совршено одговара со тесно здолниште, панталони или фармерки!

1

 

 

Свилена блуза

Свилените блузи се безвременски, изгледаат софистицирано во комбинација со куси панталони и темни фармерки. Идеална комбинација за на работа, попладневно кафе или коктел на отворено. Можете да ги носите подотворени или целосно закопчани.  И во двата случаи, тие се во тренд.

2

 

Блуза со тантела

Блузата со тантела совршено одговара со едноставни модели на панталони, кратки здолништа, фармерки. Држете се до неутрални бои во есенскиот и пастелни за летниот период.

0

 

Морнарска маица со ¾ ракави

Сите имаме барем една ваква маица во нашиот гардеробер! Памучна, со сини линии, совршено оди со тесни фармерки.

00

 

 

Тексас кошула

Секоја жена ја има во својот гардеробер.

000

 

 

 

 

Свечена блуза

Ниедна дама не би смеела да нема една гламурозна блуза во некој интересен материјал (со бисери, свилени реси, итн). Облека која ќе даде на секоја ваша комбинација гламурозна нота.

0000

 

Бела кошула

Она што претставува црниот фустан во сферата на фустаните, тоа е и белата кошула меѓу кошулите. Една и единствена. Безвременска и удобна за носење во сите прилики, во комбинација со: црни панталони, фармерки, кратки здолништа, кожа, ленени панталони…одговара со сé!

00000

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

____celebrity

Холивудската актерка Сандра Булок отворено зборуваше за своите почетоци во филмската индустрија, присетувајќи се на непријатни искуства од аудиции, но и на клучни одлуки...

Four Seasons

Малта, Барселона и Лисабон се издвојуваат како одлични дестинации за краток есенски одмор, нудејќи пријатно време, помали гужви и пониски цени. Есента не значи...

Green Tea

Може да се појави чешање или печење во устата, осип, оток и други алергиски симптоми. Доматите се основна храна на летните трпези на многу...

Green Tea

Ако вашиот iPhone се изгуби откако ќе се испразни батеријата, мрежата „Find My“ може да ги лоцира поддржаните модели дури и кога се исклучени....

Advertisement