• Сподели на:

6 типа на тесни фармерки кои секоја жена треба да ги има

___

Секако дека и широките фармерки се популарни, но да бидеме искрени: ниту едни фармерки не можат да се споредат со класичните тесни фармерки.

6-tipa-na-tesni-farmerki-koi-sekoja-zena-treba-da-gi-ima-01

Со обична блуза, сандали или со свилена блуза и високи потпетици – воопшто не е важно бидејќи тие вечно ќе бидат модерни, а и плус изгледаат совршено на секој тип тело.

А, ова се 6 нивни варијации кои се безвременски и кои секоја жена треба да ги има:

1. Темни

Елегантни, мазни и совршени за женската фигура, темните фармерки лесно можат да изгледаат кежуал или дотерано.

6-tipa-na-tesni-farmerki-koi-sekoja-zena-treba-da-gi-ima-02

2. Винтиџ со висок струк

Шампионот во категоријата кежуал шик, овој стил изгледа најубаво на „тешките“ фармерки така што го покрива стомакот т.е. е над стомакот и има тесни ногавици.

6-tipa-na-tesni-farmerki-koi-sekoja-zena-treba-da-gi-ima-03

3. Црни

Сѐ е поубаво кога е црно – особено тесниот пар фармерки.

6-tipa-na-tesni-farmerki-koi-sekoja-zena-treba-da-gi-ima-04

4. Скинати

Добро позиционираните дупки во фармерките создаваат опуштен изглед. Само, не претерувајте со кинењето.

6-tipa-na-tesni-farmerki-koi-sekoja-zena-treba-da-gi-ima-05


5. Бели

Свежи и сосема соодветни за лето, белите тесни фармерки се класика. Но, освен за лето можат да се носат и во зима, со дебел плетен џемпер.

6-tipa-na-tesni-farmerki-koi-sekoja-zena-treba-da-gi-ima-06

6. До глужд

Фаворит кој го издржа товарот на времето, овие фармерки се точно до глуждовите за да ги истакнете совршените чевли. Ако сакате ризик, одберете пар кој изгледа како рачно да сте го сечеле – т.е. каде што се познаваат конците.

6-tipa-na-tesni-farmerki-koi-sekoja-zena-treba-da-gi-ima-07


Оставете коментар

___