• Сподели на:

6 комбинации на необични принтови кои секогаш делуваат моќно

___

Што е модата ако во себе не содржи доза на експериментирање?

Токму затоа оваа пролет ве предизвикуваме да го пробате трендот кој наложува истовремено носење на сосема различни дезени.

Комбинирањето на различни принтови можеби ви звучи како тешка задача но сепак овие 7 комбинации ќе ви покажат како да го направите тоа:

1. Карирано и точки

Два традиционални и добро познати дезени за чие комбинирање е потребен истанчен вкус. За одлично комбинирање одберете неутрални бои и приближна големина не дезенот, за да не изгледате премногу нападно.

6-kombinacii-na-neobicni-printovi-koi-sekogas-izgledaat-mokjno-1.jpg

2. Леопард дезен и материјал со пруги

Леопард дезенот е доволно впечатлив принт со кој вашиот изглед веднаш ќе падне во очи. Соодветното комбинирање со материјал со пруги ќе го однесе вашиот изглед во сосема друга насока, од шик до класична.

6-kombinacii-na-neobicni-printovi-koi-sekogas-izgledaat-mokjno-2.jpg

3. Пепито дезен и пруги

Иако изгледаат како сосема спротивни, овие два класични принта одлично се комбинираат и носат заедно. Изберете пепито здолниште и комбинирајте го со едноставна блуза во боја, која има на себе пругаст дезен.

6-kombinacii-na-neobicni-printovi-koi-sekogas-izgledaat-mokjno-3.jpg

4. Пруги во сите можни насоки

Да, можете да носите пруги во сите насоки но клучот се крие во нивните различни дебелини. Затоа слободно комбинирајте различни пругасти дезени, но водете сметка едните да бидат подебели и доминантни, а другите тенки и понезабележливи.

6-kombinacii-na-neobicni-printovi-koi-sekogas-izgledaat-mokjno-4.jpg

5. Големи и мали коцки

За совршено комбинирање на овие два дезени одберете две различни бои, идеално би било ако тие се монохроматски.

6-kombinacii-na-neobicni-printovi-koi-sekogas-izgledaat-mokjno-5.jpg

6. Змиска кожа и геометриски принт

Замислете дека облеката од змиска кожа е основата на вашата комбинација, а потоа внимателно додадете друг мотив и боја.

6-kombinacii-na-neobicni-printovi-koi-sekogas-izgledaat-mokjno-6.jpg

 


Оставете коментар

___