• Сподели на:

5 трикови за визуелно потесен струк со помош на облеката

___

Додека пролетните температури растат, облеката станува сè полесна и облините доаѓаат до израз.

Ако сакате визуелно да го скриете стомачето и да го истенчите струкот, потрудете се да одберете соодветна облека.

Пример, искористете некој од овие 5 трикови:

1. Носете двобојни фустани кои ја нагласуваат фигурата на песочен часовник, а притоа делуваат елегантно.

2. Миди здолништата со А-крој носете ги точно на струкот, инаку може да создадат спротивен ефект од посакуваниот.

3. Струкираните јакни, сакоа и мантили се одличен избор, а со тенок колан се уште подобри. Тенките колани исто така може да ги носите и врз туниките, фустаните или панталоните со висок струк.

4. Облечете панталони со вертикални, тенки линии. Во нив нозете ви изгледаат подолги, а струкот потесен.

5. Тесното здолниште до коленици е секогаш најсигурен избор кој визуелно ви ги стеснува и бутовите, покрај струкот.


Оставете коментар

___