Само 13 проценти од мајките се чувствуваат виновни, дека не поминуваат доволно време со своите деца поради работните обврски.
Ова го покажуваат податоците од новото германско истражување во кое учествувале околу 1000 жени.
Близу 48% од нив се изјасниле дека добро платената работа ги прави исклучително задоволни од нивниот живот.
Околу една третина од мајките кои главно се грижат за децата и седат дома, би започнале веднаш со работа, доколку имаат можност, се вели во анкетата.
Експерите велат дека во современиот свет не можеме да очекуваме мајките да стануваат “заложници” на своите деца и да престанат професионално да се развиваат.

You must be logged in to post a comment Login