Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

МАМА

Победете јакандидата со правилна исхрана

Кандидата кај децата може да биде голем проблем. Затоа, неопходно е да се зајакне имунолошкиот систем на  детето со правилна исхрана и да сеизбегнува храна, која е погодна за развој на Кандидата.

Кандидата е нормален жител на цревната флора, но во одредени услови, се мултиплицира размножувајќи се и тогаш почнува да предизвикува проблеми – главно во цревата, но многу често и во устата. Неговата репродукција ја фаворизира честата употреба на антибиотици, слабиот имунитет и нездравата исхрана која содржи многу шеќер.

Ако кандидата се размножи во цревата доаѓа до стомачни тегоби и појава на дијареа. Кога станува збор за населување на усната празнина, кандидијазата обично се манифестира со чести кашлици, непријатна миризба, бела плоча на јазикот… Некои други симптоми кои можат да бидат поврзани со зголемена концентрација на габите во телото се: недостаток на концентрација, замор, исип на кожата (особено кај доенчињата) и болки во мускулите.

 Кандидата кај децата

Кога ќе сепојави кај децата Кандидата, може да биде голем проблем. Често резултатот на индивидуалните реакции на децата на храна, конзерванси и хемикалии – може да е поврзано со габична инфекција, а се случуваат и потешкотии во учењето, вознемиреност, па дури и депресија.

Научно е докажано дека кандидата може да влијае на однесувањето на детето, и понекогаш кај овие деца е дијагностицирана хиперактивност. Во некои случаи, дури во позадината на аутизмот е кандида инфекцијата, бидејќи нејзината прекумерна пролиферацијата во цревата доведува до производство на токсични шеќери, чиј ефект на нервниот систем е многу негативен – води до блокирање на центрите во мозокот кои се занимаваат со вниманието и говорот.

Како да се отстрани причината напроблемот?

Третманот со лекови во случајотсо кандида често не е доволно ефикасен, бидејќи тие не ја третираат причината што доведува до проблем. Затоа, неопходно е да се зајакне имунолошкиот систем на детето со правилна исхрана и да се отстрани храната, којае погодна за развојот на Кандидата: На прво место искучете ги шеќеритеод храната која ги содржи, квасецот, индустриските грицки, соковите, млекото и месните производи. Исхраната треба да биде на основа на свеж зеленчук, овошје – особено (лимон, грејпфрут), интегрални житарки, месо, риба, јајца и бесквасен интегрален леб, јогурт со пробиотик. Медот  можете да го консумирате понекогаш. Од пијалаци, консумирајте вода, лимонада без шеќер, комбуха и незасладени билни чаеви. Корисно е да се употребува јаболков оцет, и прополис (ако детето не е алергично), лук и зачински билки. Звучи невозможно децата да ги одучитеод благата магија … но веуверувам дека упорноста се исплати, и дека по четири или пет дена апстиненција имаат многу помалку желба за тоа “слатко зло.” Кога Кандидата ќе сеискорени, слатките задоволства може да му ги давате умерено, но не секој ден.

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

____celebrity

Така го одржува својот неверојатен изглед. Шарлиз Терон моментално се одмара на плажа на Хаваи. 50-годишната актерка со години ги воодушевува обожавателите кои се...

Astro

Според статистиката, овие 3 хороскопски знаци живеат најдолго. Луѓето кои живеат над 100 години имаат разни тајни за нивната долговечност, но се чини дека...

Wall Street

Инстант лозот  „Доме сладок доме“ на Државна лотарија повторно израдува со нова освоена премија Ордан Зарински од Штип е најновиот добитник на премијата од...

Green Tea

Комбинацијата од рузмарин и ловоров лист не само што го подобрува вкусот на вашите јадења, туку носи и бројни здравствени придобивки, од подобро варење...

Advertisement