Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

МАМА

Ова само мајка го знае: Посоветувајте ја својата ќерка за љубовта

Она од вас може да научи како да стекне самодоверба, слуша внимателно, како да помине низ тагата, кога да прекине врска и уште многу други

Постојат одредени лекции кои само мајките можат да ги научат своите ќерки. Бабата не е многу доверлива, постарата сестра нема доволно искуство па заради тоа најдобро е мајките зборуваат со своите ќерки за љубовта.

Ти сама по себе си совршена

Една од најважните работи кои ќерката треба да ја слушнат од мајката е тоа дека е совршенатакава каква што е. Девојките треба да знаат дека не мораат да променат ничто кај себе за некој да ги сака. Научете ја ќерката да секој кој и го вели спротивното дека не е за неа и дека оној кој не гледа колку таа вреди не заслужува место во нејзиниот живот.

Почитувај за да те почитуваат

Тоа не важи само запартнерот, туку и за другите луѓе кои ве опкружуваат – семејството и пријателите.Морате да изразите почит онолку колку што очекувате да ве почитуваат. Ако се грижите, на пример, за своето тело, тогаш е природно да ве привлече некој кој го прави истото.

Немој да се изгубиш себеси

Влегувањето во врска може во толкава мера да ја промени девојката што би заборавила каква личност е таа без партнерот. Не дозволувајте да вашата несигурност ве спречи да го живете животот како сакате. Потсетете ја ќерката да не ги запоставува своите интереси, да ги одржува врските со своите пријатели и да овои време за себе.  Се тоа и е потребно за среќен живот и исполнетост – било да тре врската или не. Постои доволно простор и време и за љубов према партнерот и за љубов према себе.

Слушајте внимателно

Посоветувате ја да обрнува внимание на се. Ако дечкото кој и се допаѓа и рече дека не бара девојка нека му поверува. Ако лошо се однесува према својата мајка треба исто да посвети внимание. Ако забележи дека е непријатен кон некој друг, вашата ќерка нетреба да се залажува дека кон неа ќе биде поинаков. Луѓето најчесто ви кажуваат и покажуваат се што треба да знаете за нив.

 Кога да прекине врска

Мајките мора да ги научат ќерките дека кај вистинската љубов приврзаноста, несебичноста и дарежливоста се на прво место. Ако овие квалитети не се присутни не би требало да остане во врск. Осаменоста, спомените од минатото и надворешниот притисок не се доволна причина да останете со некој. Не чекајте ќерката да падне во криза, туку дајте и совет пред тоа. Помогете и да ги препознае знаците кои и кажуваат дека е веме да ја прекине врската.

Посветувај внимание на она што го сакаш

Понекогаш врската изгледа добро на површината, ама ако се загребе подлабоко ќе се видат сите недостатоци.можеби вашата ќерка не добива онолку колку пто вложува или па нешто во врката и фали. Кажете и дека треба да отворено да си ги постави своите потреби пред партнерот и да види дали моче нешто да очекува, во спротивно да ја прекине врската. Таа мора да остане доследна на себе а не да пробува да биде нешто што другите очекуваат од неа.

Да научи да тагува

Никогаш нема да и требате на вашата ќерка повеке отколку кога и е скршено срцето. Кажете и дека е во ред да чувствува тага, ама може нешто и да научи од раскинувањето. Жената најмногу учи за себе кога ќе изгуби некој што го сакала. Начинот на кој ќе го надмине раскинивањето ќе влијае на нејзините следни врски.

Остави му простор

Научето ја ќерката да не „трча“ константно по својот дечко. Љубовта бега кога некој ја брка, бидејќи секому му е потребен простор да диши.

Верувај, не тестирај

Немојте да ги тестирате луѓето како би процениле дали ве сакаат. Тестирањето е знак на страв и несигурност. Клучот е во довербата. Научете ја ќерката да му верува на партнерот, восилата нанивната врска и во самата себе. Кажете и дека е родена со јак инстинкт, така ќе и ја зголемите самодовербата.

Биди сама свој херој

Кажете и на ќерката да не се угледува на никого, а посено не на бајките кои ги читала како мала. Нема ништо лошо во фантазирањето, ама мора да и биде јасно дека вистинската љубов е комплицирана и дека има повеќе облици. Потсетете ја дека е подеднакво одговорна како и нејзиниот партнер за успехот на врската и дека мора да го „скроти лавот во себе“.

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

Green Tea

Овој моќен зелен, лиснат зеленчук е полн со витамини и минерали, а е најпознат по високите нивоа на железо, што се неопходни за целиот...

Fine Living

90-тите се вратија во декорот на домот, но сега во помодерна, елегантна верзија. Минимализмот, некогаш ладен и стерилен, сега доаѓа со природни тонови и...

Cotton Club

Во ноќ на голема напнатост на модната писта на „Victoria’s Secret“, Бела Хадид привлече внимание со својот жежок и никогаш подобар изглед. Кога се...

Green Tea

Витаминот Ц е еден од најважните хранливи материи, кој во нашето тело игра клучна улога во одржувањето на доброто здравје. Иако често се препорачува...

Advertisement