Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

МАМА

Кој раѓа паметни деца?

Секој родител, без оглед на возраста, може да создаде паметно поколение, тоа е факт.

Но со векови луѓето забележале една интересна особеност и таа е одразена во народните приказни и песни. Кој ја убива ламјата и го спасува златното јаболко во бајките? Кој од сите синови во народните песни е најхрабар, најпаметен и најубав? Најмалиот, се разбира, тоа го знаат сите деца.

Како и дека најмладата ќерка е најубавата. И зошто токму тие се главните ликови? Бидејќи имале возрасен татко кога се родиле. До овој заклучок дошле луѓето генерации наназад, тие забележале дека постарите мажи создаваат паметни деца и затоа во бајките храбрите херои се најмалите од синовите и ќерките. Не е мит дека постарите мажи создаваат паметни деца, тоа се докажува и со тестовите за интелигенција.

Причините за овој феномен се како генетски во некои случаи, така и чисто социјални најчесто. Постариот татко го воспитува и го одгледува детето со повеќе животно искуство, тој е спокоен, мирен и избалансиран. Ја изградил кариерата и стабилните односи во семејството, му останува само да се оддаде на своето дете. Покрај тоа се претпоставува дека има и финансиска стабилност да му овозможи добро образовение на потомството. Трудољубивоста во одгледувањето е исто така поголема кај возрасниот татко. Значи, татковци, создавајте деца на секоја возраст и не грижете се, ако годините ви се повеќе, ќе имате одлично поколение.

 

А што да се каже за постарите мајки – над 40 години, какви деца тие раѓаат и има ли ризици за мајката при раѓање? При денешното ниво на медицината, тие се се помалку. Пред неколку години на пример, се сметаше дека постарите жени почесто раѓаат деца со Даунов синдром, но во последните години се покажа дека ризикот е еднаков за сите возрасти.

А добрата новина е дека жените родени во подоцнежната возраст, живеат подолго од оние родени порано (докажано статистички). Причините за тоа сепак не се медицински. Овие жени обично се финансиски и емоционално стабилни и имаат здрава врска со партнерот, отколку премногу младите мајки.

Возрасните мајки се позрели, ретко се впуштаат во ризично однесување. Но, возрасната мајка раѓа исто толку паметни деца, колку и младата. Значи, раѓајте деца, без оглед на годините.

Под услов да може да ги одгледувате и да им обезбедите подобра иднина. Секоја жена може да биде прекрасна мајка, без оглед на возраста.

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

Green Tea

Овој моќен зелен, лиснат зеленчук е полн со витамини и минерали, а е најпознат по високите нивоа на железо, што се неопходни за целиот...

Fine Living

90-тите се вратија во декорот на домот, но сега во помодерна, елегантна верзија. Минимализмот, некогаш ладен и стерилен, сега доаѓа со природни тонови и...

Cotton Club

Во ноќ на голема напнатост на модната писта на „Victoria’s Secret“, Бела Хадид привлече внимание со својот жежок и никогаш подобар изглед. Кога се...

Green Tea

Витаминот Ц е еден од најважните хранливи материи, кој во нашето тело игра клучна улога во одржувањето на доброто здравје. Иако често се препорачува...

Advertisement