Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

МАМА

Како да се справите со сознанието дека не можете да имате деца

Неплодноста може да биде еден од најголемите предизвици со кои паровите се соочуваат. Иако е во прашање голем емотивен проблем, за врската е многу важно да останете среќни. Еве како да се соочите со неплодноста.

Немојте да се критикувате себе си – Исклучете го оној мал глас во главата каде константно ви зборува што сте можеле и што не сте можеле да направите. Негативните мисли може да ве одвлечат во депресија. Не сте виновни и затоа престанете да се критикувате себе си.

Одговарајте пристојно на несоодветни прашања – Некогаш може да се случи дури и најдобронамерниот пријател да ви постави погрешно прашање во погрешно време. Наместо да се нервирате или да се повлечете во себе, одговорете го прашањето смело и смирено.

Забавувајте се со својот сопруг – Кога ќе се дознае дека неможат да имаат деца, паровите најчесто почнуваат да се оддалечуваат, што е погрешно. Пробајте да изградите мост кон партнерот. Децата често се причина за одалечување на партнерот, бидејки бараат доста внимание и време. Затоа искористете ја оваа шанса да ја зацврстите својата врска.

Земете во предвид поголеми можности – Ако немате деца, слободни сте да правите што сакате. Можете да земете одмор кога вам ви одговара и да го пропатувате светот растеретени од грижа. Размислете што вас ве интересира и ориентирајте се кон тоа.

Станете старател – Стерилитетот може да биде вознемирувачки проблем, но тоа не мора да значи да останете без деца. Постојат многу начини да изгледате дете. Пробајте со вештачко оплодување, посвојување на дете или станете старател.

Разговарајте со паровите кои го имаат сличниот проблем – Може да се случи луѓето во вашето опкружување на изгледаат безчуствително, бидејки не разбираат како вие се чувствувате. Но ако запознаете парови слични на вас и разговарате со нив, ќе сватите дека не сте единствени и дека постојат начини како да се изборите со кризата.

Откријте нови интересирања – Општо е познато дека неактивен ум е игралиште на ѓаволот. Впуштете се во различни активности кои ќе ви помогнат на вас и вашиот партнер да заборавите на проблемот и корисно да ја пренасочите енергијата.

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

____celebrity

Така го одржува својот неверојатен изглед. Шарлиз Терон моментално се одмара на плажа на Хаваи. 50-годишната актерка со години ги воодушевува обожавателите кои се...

Astro

Според статистиката, овие 3 хороскопски знаци живеат најдолго. Луѓето кои живеат над 100 години имаат разни тајни за нивната долговечност, но се чини дека...

Wall Street

Инстант лозот  „Доме сладок доме“ на Државна лотарија повторно израдува со нова освоена премија Ордан Зарински од Штип е најновиот добитник на премијата од...

Green Tea

Комбинацијата од рузмарин и ловоров лист не само што го подобрува вкусот на вашите јадења, туку носи и бројни здравствени придобивки, од подобро варење...

Advertisement