Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

МАМА

Како да препознаете дека вашето дете е генијалец

Научниците сметаат дека натпросечната интелигенција на време се открива само на 3 до 5 проценти кај надарените деца, иако веќе на 3 години покажуваат недвосмислени знаци кои родителите би требало да ги препознаат. Многу е важно родителите на време да увидат дека нивното дете поседува натпросечна интелигенција, како би можеле да избегнат остар и хаоптичен пат кој често го минуваат неоткриените генијалци. Навистина не е лесно кога се чувствувате различен од своите врсници, а не знаете зашто.

Со тоа ќе приметите дека вашиот 8 годишник размислува како 10 годишник и многу повеќе, како од шала решава математички проблеми наменети за постарите деца, сите погледи велат дека е малиот вундеркинд. Таквото дете многу рано и лесно научува да говори и речникот му е необично богат.

Кога ќе тргне во училиште, во главно на часовите се досадува, прави конфузии или се повлекува во себе дека брзо сваќа што наставничката предава. Тоа за жал, не значи дека он успешно ќе го заврши школувањето. Малиот генијалец ретко покажува заинтересираност за она што го сакаат поголемиот дел од неговите врсници, почесто се дружи со постари, необично е проценлив и оштроумен за својата возраст, гордо го изнесува своето мислење во опкружувањето, но тешко склопува пријателство и многу го погодува секоја неправда.

Надареното дете често поставува премногу сериозни и збунувачки прашања за животот. Доколку кај своето дете ги приметите овие особини, обавезно посоветувајте се со детски психолог. Ако психолошкото тестирање открие дека неговиот IQ го преожа просекот од 125, во споредба со 100 колку што е во просекот кај неговите врсници, нема никаква сомнителност и родителите би требало да соработуваат со експерти, за да му помогнат полесно да ја поднесе својата различност.

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

Green Tea

Овој моќен зелен, лиснат зеленчук е полн со витамини и минерали, а е најпознат по високите нивоа на железо, што се неопходни за целиот...

Fine Living

90-тите се вратија во декорот на домот, но сега во помодерна, елегантна верзија. Минимализмот, некогаш ладен и стерилен, сега доаѓа со природни тонови и...

Cotton Club

Во ноќ на голема напнатост на модната писта на „Victoria’s Secret“, Бела Хадид привлече внимание со својот жежок и никогаш подобар изглед. Кога се...

Green Tea

Витаминот Ц е еден од најважните хранливи материи, кој во нашето тело игра клучна улога во одржувањето на доброто здравје. Иако често се препорачува...

Advertisement