Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

МАМА

Дали сте подготвени за второ дете?

Никој не може да даде подобар одговор од вас на ова прашање. Сепак постојат повеќе фактори кои би можеле да влијаат на вашата одлука, многу планови и многу внимание. Кога да земете одмор од работа, дали вашите финансии се доволни за две деца? Некои велат дека носењето на одлука околу ова прашање е потешко и од размислувањето околу првото, затоа што сега не размислувате за бебе, туку за промена во семејството. Со секое ново дете, треба да размислите како тоа дете би влијаело на начинот на живот кој го водите, на вашите финансии, работа, врски и секако – вашите други деца.

Кога е вистинското време за второ дете од медицинска гледна точка?

Иако многу фактори би можеле да влијаат на вашата одлука доколку сакате второ дете, треба да знаете колку време е потребно за телото на жената да биде подготвено за второ дете. Повеќето од лекарите советуваат пауза од две до три години, особено ако се работи за породување со царски рез затоа што на матката и е потребно време да зарасне целосно. После породувањето со царски рез не се препорачува епидурална анестезија ниту лекови против болки за време на следното породување.

Повторната бременост во период пократок од две години може да доведе до недохранетост на бебето и прерано породување. Ризикот е поголем колку што е пократок периодот помеѓу двете бремености. Со вашата најголема желба за второ дете земете го во предвид и стилот на живот, дали сте подготвени за промените кои доаѓаат со уште едно дете? Многу е важна финансиската ситуација на семејството затоа што за жал неограничената љубов нема да биде доволна да ги прехраните своите деца и да им пружите се што им е потребно.

Кога е вистинското време за второ дете од аспект на родителите?

Како што знаете, на новиот член на семејството му е потребно вашето внимание, па предност би било ако постарото дете спие само, не носи пелени и разбира што значи нов член во семејството. Во последните години поголемиот дел од семејствата запаѓаат во тешки финансиски ситуации, а многу често бременоста се планира за детето да биде родено на приближна дата како и претходното со цел да се искористи сезонската облека. Затоа најсигурно е да купувате облека со неутрална боја.

Во предвид треба да ги земете и вашите години. Со годините плодноста опаѓа и тоа после 35-та година кај жените. Има многу жени кои успеваат да забременат и после 40-та година, но имајте на ум дека ако имате над 35 години треба да почнете да ја припремате територијата за второ дете.

Кога е вистинското време за второ дете од гледиште на неговото братче/сестриче?

Доколку се одлучите за пократка пауза помеѓу двете бремености, предност би можело да биде тоа што децата ќе можат заедно да си играат и да поминуваат време заедно. Притоа треба да имате на ум дека веројатно од другата страна е навистина напорно затоа што две малечки деца бараат многу внимание. Доколку првото дете е постаро од четири години, би можело да разбере што значи да се има малечко братче или сестриче. Некои деца сакаат да помагаат при пресоблекувањето на своите помали браќа/сестри, околу храната или заспивањето затоа што така би се чувствувале поважни и позрели. Ако старосната разлика меѓу децата е голема, вам би ви било полесно затоа што постарото дете ќе може да го чува помалото во случаи на неодложливи обврски.

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

Green Tea

Овој моќен зелен, лиснат зеленчук е полн со витамини и минерали, а е најпознат по високите нивоа на железо, што се неопходни за целиот...

Fine Living

90-тите се вратија во декорот на домот, но сега во помодерна, елегантна верзија. Минимализмот, некогаш ладен и стерилен, сега доаѓа со природни тонови и...

Cotton Club

Во ноќ на голема напнатост на модната писта на „Victoria’s Secret“, Бела Хадид привлече внимание со својот жежок и никогаш подобар изглед. Кога се...

Green Tea

Витаминот Ц е еден од најважните хранливи материи, кој во нашето тело игра клучна улога во одржувањето на доброто здравје. Иако често се препорачува...

Advertisement