Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

МАМА

11 знаци дека ќе биде добар татко, последниот е најважен!

Да се биде татко не е ни малку лесна улога. Доколку би сакале да проверите дали вашиот партнер добро би се снашол во таа улога, односно дали ќе сака да се снајде, обрнете внимание на следните неколку знаци.

1. Помага во куќните работи – Непишаното правило гласи, што повеќе ви помага, ќе помага и околу бебето. На пример, доколку на вашиот партнер не му е тешко својата валкана облека да ја стави во корпа, ја уклучи машината за перење или понекогаш направи ручек, веројатноста е голема дека ќе ви се најде и кога ќе дојде време да треба да го бања бебето.

2. Добро се снаоѓа во неочекувани ситуации – Доколку во сред шума ве затекне невреме, дали вашиот сакан ќе стои со скрстени раце или ќе стори нешто за да може да ве заштити е голема разлика. Доколку успева да остане прибран и пробува да најде адекватно решение во неочекувани ситуации, големи се шансите дека лесано ќе го преброди плачењето на бебето во 2 наутро.

3. Не го сваќа животот сериозно – Дали сте го затекнале вашиот партнер како се смее гледајки ги Саут Парк или ваш ве закачка на потполно детинести начин? Неговата духовита и помалку откачена страна покажува дека ќе успее и со вашето бебе да го насмее. Сепак, не е баш така лесно да се забавува бебе.

4. … но сепак држи се под контрола – Знае со што не треба да се шегува. Важните работи не ги заборава и секогаш е спремен. Тој ќе ве фати за рака кога ќе поминувате улица и не го гледате возилото кое се доближува, или вам ќе ви го мрдне воланот во текот на возење за да не се судрите во дрво додека паркирате или слично.

5. Имал куче – Можеби не е толку важна стапка, но самата веројатност дека не му било тешко да го собере изметот од кучето со кеса, покажува дека и со полна пелена ќе може да се снајде.

6.  Има разбирање за вашите потреби – Кога ќе види дека сте под стрес и дека на вас ви е потребно малку релаксација, ќе ви предло=и да излезете на кафе со вашите другарки, да прошетате, да земете 2 часа да си посветите само за себе и вашите потреби. Ако е себичен додека сте во  врска, како ли ќе биде вашиот живот кога ќе дојде дете. Тогаш би требало да има многу повеќе разбирање.

7. … но не е наивен – Тука е да ви ги отвори очите во поедини ситуации. Знае да ви покаже како на одредени работи да гледате од друг агол. Замислете како ќе умее да ве посоветува за вашето дете, милина!

8. Самоинијатор е – Доколку да речеме, самго организира вашето патување, припреми се за пат и при тоа не му се потребни вашите инструкции, ќе знае да се снајде и како сам да го облече бебето или да го врзе појасот во автомобилот. На добрите татковци не им се потребни жените да ги надгледуваат додека го чуваат бебето.

9. Добар пливач е, поседува црн појас во карате, има фотографско помнење, добар е во решавање на крстозбори или се наведено – Зарем не би било убаво вашиот партнер да го научи детето на некои движења во карате, или да му всади добри и здрави навики? Во добрите гени не е потребно ни да се разговара.

10. Има големо срце – Никој не е совршен, но не треба ни да биде. Но ако знае понекогаш да ве изненади со еден цвет кога ќе види дека сте тажни, или има убав однос со својот дедо, па на крајот од разговорот пред да ја спушти слушалката и му каже, чувај се, знајте дека ќе може да ја понесе титулата “татко на годината”.

11. Сака да биде добар татко – Неважно е дали некогаш имал искуство со деца и дали некогаш држел некое бебе во раце, најважно е дали има желба да биде татко и тоа не било каков туку прав татко. Волјата е најважна, се може кога се сака. А срцето ќе ви се стопи додека еден ден гледате како игра фудбал со малиот.

 

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

Green Tea

Овој моќен зелен, лиснат зеленчук е полн со витамини и минерали, а е најпознат по високите нивоа на железо, што се неопходни за целиот...

Fine Living

90-тите се вратија во декорот на домот, но сега во помодерна, елегантна верзија. Минимализмот, некогаш ладен и стерилен, сега доаѓа со природни тонови и...

Cotton Club

Во ноќ на голема напнатост на модната писта на „Victoria’s Secret“, Бела Хадид привлече внимание со својот жежок и никогаш подобар изглед. Кога се...

Green Tea

Витаминот Ц е еден од најважните хранливи материи, кој во нашето тело игра клучна улога во одржувањето на доброто здравје. Иако често се препорачува...

Advertisement