Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Совети за Секс и Врска

Животни лекции кои не треба да ги осетите на своја кожа

Постојат некои работи во животот кои не можете да ги знаете пред да ги осетите на ваша кожа, меѓутоа некои можете да ги научите и од туѓото искуство, и на тој начин си го олесните животниот пат!!!

Пред Вас се животните лекции кои можете да ги научите без да ги осетите на својата кожа…

1. Секогаш проголтајте ја гордоста и кажете „Извини„. Никогаш немојте да бидете толку горди за да не можете да се извините.

2. Скапоцените работи во животот креираат константен страв од губење. Сакајте ги работите кои можете да си ги дозволите, така ќе бидете посреќни.

3. Успорете !!! Животот е прекраток за да го поминете трчајќи.

4. Целите не се важни колку што Вие мислите. Понекогаш заборавете на нив и уживајте во она што го имате, така никогаш нема да се разочарате.

5. Најважен момент е сегашниот момент, затоа живејте во него. Плановите можат да пропаднат, а минатото никогаш нема да се врати.

6. Немојте да влегувате во долгови. Долговите носат главоболка, трошете помалку од што заработувате.

7. Не се трудете да бидете „cool“, позабавно е да заборавите на тоа и да бидете она што навистина сте… ОРИГИНАЛНИ на свој начин!!!

8. Многу работи во животот ќе Ви недостасуваат. Никој не може да има се!!! Научете да уживате во она што го имате крај себе.

9. Грешките се добар начин на учење. Кога ќе погрешите, исправете ја грешката и продолжете понатака.

10. Неуспесите се составен дел од животот. Никој не успеал а да не згрешил неколку пати.

11. Уживајте во луѓето, оние вистинските секако. Добриот пријател, убавите насмевки се нешто што ќе Ве направат повеќе од среќни!!!

12. Пријателството не се создава преку ноќ, тоа е долготраен процес.

13. Дестинацијата е само мал дел од патот. Затоа немојте да бидете оптеретени со целите, затоа што нема да гледате каде идете!!!

14. Oслободете се од очекувањата. Наместо да ги идеализирате работите, пробајте да ги доживеете.

15. Давањето е подобро од примањето,  а далеку подобро од очекувањето дека некој нешто ќе ви даде.

16. Натпреварувањето е ретко продуктивно, споредбата уште помалку продуктивна.

17. Благодарноста е најдобар начин да пронајдете задоволство.

18. Соочувањето е поважно од барање на сопствено искуство.

19. Вие се менувате… Немојте да осудувате или да тврдите дека никогаш нема да направите ТАКА!!!

20. Создавајте. Создавањето е најважната стапка во животот. Секогаш трудете се да направите нешто ново или да го подобрите она што го имате.

21.  Луѓето често судат без никакви информации. Размислете подобро пред да пресечете!

На Вас останува да пробате!!!

Прочитај

____баланс новости и трендови

Во семејството на добитници од инстант лотаријата на Државна лотарија се приклучи нова среќна добитничка — К.Т. од Битола, која со еден изгребан лоз...

____celebrity

Музичката ѕвезда Ријана и нејзиниот партнер, раперот ASAP Rocky, добија девојче. Ова е нивното трето дете. Таа ја сподели добрата вест на социјалните мрежи....

Green Tea

Се грижиме за нашата кожа во текот на денот главно со хидратантни креми, серуми и слично. Сепак, не треба да се занемари вечерната и...

Green Tea

Јадењето повеќе овошје и зеленчук може да помогне во намалувањето на крвниот притисок, но еднo полно со хранливи материи се издвојува од останатите. Високиот...

Advertisement