Овенот е брутален и најмалку тактичен
Нема поголем професионалец за зборување на непромислени, па и безобразни работи во погрешно време од припадниците на овој знак. Не знаат што значи суптилност, а ако некој им го повреди егото, склони се на најлоши навреди. Знаат да бидат претерано наивни, и не размислуваат за последиците на своите дела.
Бикот излудува со својот тврдоглав став
Тежината на карактерот на овој знак во комбинација со нивната легендарна тврдоглавост е описот на нивната мрачна страна. Премногу се концентрираат на материјални вредности како и секогаш во своја корист.
Близнаците се површни и брзоплети
Иако се вели дека близнаците се љубопитни и способни на се да се прилагодат, овие карактеристики често преминуваат во површност и недоследност. Неспособни се да се фокусираат на нешто подолго време, а често се служат и со лаги за да ја постигнат целта. Им недостига емпатија.
Раковите се мамини мази
Мамини мази, затоа што се премногу чувствителни и тешко ги контролираат своите емоции. Тоа ги иритира останатите бидејќи постојано мора да внимаваат да не ги повредат. Често се незрели за важните животни прашања, а реагираат како деца.
Маската на гордост ги крие комплексите на Лавот
За припадниците на овој знак е особено важно што другите мислат за нив. Оние кои добро ги познаваат знаат дека нивната постојана потреба да бидат во центарот на вниманието е храна за нивното его и борба со многу комплекси кои Лавот ги има. Дел од нивната мрачна страна се и диктаторско однесување и завист.
Девицата секогаш се споредува со другите
Припадниците на овој знак често животот го доживуваат како надпревар, а конкуренција им се дури и семејството и пријателите. Од тоа кој има поуспешна кариера, поубава кола или посреќна врска, се мотивираат да бидат подобри од другите. Ако некој ги понижи тие страсно ќе го мразат, а имаат и постојана птреба да контролираат се околу себе, што им оди на нерви на сите.
Вагите се лицемери со фобија од осаменост
Големата потреба на Вагите да бидат заобиколени со луѓе не е одраз на голема друштвеност, туку страв да не останат сами, од што најмногу се плашат. Самите не ја знаат својата вредност и ја потврдуваат преку другите, а поради тоа и се плашат да не ги разочараат па често угодуваат што ги прави лицемерни. Во срж се интелектуални снобови, а во животот промислени играчи.
Шкорпијата е параноична и во се гледа зло
Малку може да се додаде за да се оцрни угледот на овој знак, кој често е прогласен за злонамерен. Нивниот агресивен темперамент и груб пристап прави впечаток на огорчен и заштрашувачки поединец, но тоа е неговиот одбрамбен механизам, бидејќи се чувствува несакано и се околу себе доживува како закана. Уживаат во страдањето на своите непријатели, а големиот сексуален апетит се должи на неспособноста да ги контролираат нагоните.
Стрелците се напорни филозофи
Отворен и либерален поглед кон животот е само дел од перформансот на овој знак, со цел да се импресионира публиката. Нивната склоност кон филозофирање и длабоки размислувања често е напорно за сите околу, а склони се да повторуваат што виделе и слушнале за да изгледаат паметни. Знаат да ги изневерат своите ветувања и претеруваат во се што прават за на крај да испаднат жртви на системот.
Јарецот нема морал по патот кон целта
Ригорозните ставови на припадниците на овој знак ги прави пресметани роботи, кои судат и анализираат се оклу себе. Никогаш не забораваат на сопствената корист, а поради долгорочните планови забораваат да живеат во сегашноста и да уживаат во животот. Нивниот песимизам е во состојба секого да го направи депресивен, а најлоши се ако некој им боди очи, бидејќи тогаш се раководат од правилото: Целта ги оправдува средствата!
Водолијата со ексцентричност ја прикрива незаинтересираноста за другите
Припадниците на овој знак уживаат другите да ги гледаат како бунтовници и ексцентрични, но тој углед им користи само за да скријат дека не ги интересира ништо околу нив, па дури и блиските. Иако тврдат дека пријателството им е света работа, мизерно се трудат околу тоа, а уште полоши се во љубовните врски каде на сметка на својата слобода и индивидуалност често нанесуваат болка на партнерот. Либерални се, но само во поглед на она што лично ги засега, додека во се останато мора да биде како тие ќе кажат.
Рибите се индиферентни и не размислуваат логично
Припадниците на овој знак не се доследни ни верни на себе си, бидејќи често и сами не знаат што се и што сакаат. Поради тоа изгледаат нестабилно и опортунистички. Уживаат во психодрами и во комплицирање на својот и животот на ближните, особено во полето на љубовта. Наивни се и тешко им е да кажат “не“ и да покажат став, а имаат и слаба воља, поради што другите лесно можат да ги наговорат на разни глупости.

You must be logged in to post a comment Login