Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Совети за Секс и Врска

Врската ќе пропадне кога ќе помислиш: Јас го сакам повеќе!

Една убава и вистинска врска може да биде уништена, ако едниот од партнерите си мисли дека го сака партнерот повеќе отколку тој него. Престанете да си наметнувате мисли од родот: “Тој не ме сака така како што јас го сакам него.“ Луѓето кои се обременети со вакви мисли, започнуваат излишно да се загледуваат во детаљите од секојдневието. Тие си водат статистика, водат сметка што тие прават за саканиот човек и што тој прави за нив. Често сметаат дека нивните гестови се многу повеќе од неговите.

Кога ќе се забележи ваков недостаток на баланс, човек почнува да смета дека таа врска не е равноправна и соодветно нема иднина. Никој не сака да сака повеќе отколку што самиот е сакан. Во такви моменти човек почнува да стравува дека е единствениот вљубен и наскоро ќе биде оставен. Поради таа причина неговото однесување се менува, тој станува сомничав, губи доверба во партнерот и без причина сам си ја уништува врската.

Кај повеќето парови се докажало дека сите мисли се погрешни и се родиле поради ниска самодоверба на едниот партнер и неспособноста да поверува дека на крајот го сретнал вистинскиот партнер и дека навистина е важен за некого.

Кога една врска ќе стане премногу сериозна и истовремено натоварена со ситни проблеми и сомнежи некои луѓе сметаат дека наместо да се обидат да ги решат конфликтите, многу полесно е да се разделат и да почнат од почеток со нов човек.

Но дали навистина ќе можете да се вљубите повторно и толку силно во друг човек?

 

Прочитај

____баланс новости и трендови

Во семејството на добитници од инстант лотаријата на Државна лотарија се приклучи нова среќна добитничка — К.Т. од Битола, која со еден изгребан лоз...

____celebrity

Музичката ѕвезда Ријана и нејзиниот партнер, раперот ASAP Rocky, добија девојче. Ова е нивното трето дете. Таа ја сподели добрата вест на социјалните мрежи....

Green Tea

Се грижиме за нашата кожа во текот на денот главно со хидратантни креми, серуми и слично. Сепак, не треба да се занемари вечерната и...

Green Tea

Јадењето повеќе овошје и зеленчук може да помогне во намалувањето на крвниот притисок, но еднo полно со хранливи материи се издвојува од останатите. Високиот...

Advertisement