Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Совети за Секс и Врска

Вистинската сродна душа… ти го крши срцето

Велат дека да сретнеш сродна душа е уникатна среќа. Среќа која ти се насмевнува еднаш во животот… Ако имаш среќа. Но никој не ни кажува дека таа среќа е премногу скапо платена среќа.

Да, сите ја чекаме сродната душа, која ќе ни подари мир и љубов. И често не сваќаме дека веќе сме ја сретнале и дека таа оставила длабоки траги во нашата суштина. Бидејќи вистинската сродна душа…

“Вистинската сродна душа е огледалото.

Таквиот човек ти покажува се што те задржува. Го насочува кон тебе твоето сопствено вномание, за да можеш да продолжиш со животот.

Вистинската сродна душа ти е можеби најважниот човек кој некогаш ќе го сретнеш, бидејќи ги руши зидовите, те удира за да се разбудиш.

Но да живееш со сродна душа засекогаш? Не. Премногу е болно. Сродните души доаѓаат во животот само за да ти откријат нов дел од тебе самата, а потоа си заминуваат…

Намената нa “сродната душа” е да те потресе, да го распарчи малку твоето его, да ти ги покаже пречките и лошите склоности, да го скрши твоето срце и да го отвори, за да може внатре да влезе нова светлина, дотаму да те разочара и да те извади од рамнотежа, и да треба да го промениш животот”.

Од “Јади, моли се, сакај” на Елизабет Гилберт

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

Green Tea

Овој моќен зелен, лиснат зеленчук е полн со витамини и минерали, а е најпознат по високите нивоа на железо, што се неопходни за целиот...

Fine Living

90-тите се вратија во декорот на домот, но сега во помодерна, елегантна верзија. Минимализмот, некогаш ладен и стерилен, сега доаѓа со природни тонови и...

Cotton Club

Во ноќ на голема напнатост на модната писта на „Victoria’s Secret“, Бела Хадид привлече внимание со својот жежок и никогаш подобар изглед. Кога се...

Green Tea

Витаминот Ц е еден од најважните хранливи материи, кој во нашето тело игра клучна улога во одржувањето на доброто здравје. Иако често се препорачува...

Advertisement