Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Совети за Секс и Врска

Ви недостасува секс во бракот? Што понатаму?

Во многу случаи, сексот не исчезнува преку ноќ. Постојат многу различни причини поради кои сексот може да го снема од бракот, како:

  • динамичен живот, исполнет со многу обврски;
  • намалена желба за секс поради здравствени проблеми;
  • мали деца и немање на приватност;
  • депресија;
  • загуба на самодоверба поради физичкиот изглед;
  • немање на взаемна доверба и разбирање;
  • неверство;
  • отсуство на физичка привлечност кон партнерот;
  • финансиски или други проблеми во бракот.

 

Но, бракот без секс не е проблем кој нема свое решение, потребно е само партнерите да бидат подготвени да го пронајдат. А еве и неколку совети кои ќе ви дадат идеја од каде да започнете:

  • Не се обвинувајте еден со друг. Без разлика која е причината за вашиот проблем, никогаш не треба да започнете да се обвинувате еден со друг. Таквото однесување може да создаде одбивност и уште повеќе да ве оддалечи.
  • Научете да комуницирате ефективно. Комуникацијата е во основата на секоја врска и ако таа се наруши, проблемите ќе се трупаат и никогаш нема да бидат решени. Затоа, бидете отворени кон својот партнер. Воопшто не е срамно или страшно да седнете и да му кажете дека гледате голем проблем во вашиот сексуален живот. Разговорот водете го смирено и обидете се заедно да ги утврдите причините и начините за нивно отстранување.
  • Победете ја досадата. Монотонијата ја убива желбата за секс. Не може постојано да повторувате едно исто нешто и да очекувате различни резултати. Внесете повеќе разнообразие во вашиот живот. Одете сами на викенд, менувајте различни пози, купувајте почесто привлечна долна облека…

 

 

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

Green Tea

Овој моќен зелен, лиснат зеленчук е полн со витамини и минерали, а е најпознат по високите нивоа на железо, што се неопходни за целиот...

Fine Living

90-тите се вратија во декорот на домот, но сега во помодерна, елегантна верзија. Минимализмот, некогаш ладен и стерилен, сега доаѓа со природни тонови и...

Cotton Club

Во ноќ на голема напнатост на модната писта на „Victoria’s Secret“, Бела Хадид привлече внимание со својот жежок и никогаш подобар изглед. Кога се...

Green Tea

Витаминот Ц е еден од најважните хранливи материи, кој во нашето тело игра клучна улога во одржувањето на доброто здравје. Иако често се препорачува...

Advertisement