Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Совети за Секс и Врска

Трите најголеми заблуди за убавите жени

Убавината е субјективен поим – една жена е прекрасна за еден и обична за друг. Но сите исто така знаеме дека постојат девојки за кои никако не можеме да кажеме дека се грозни. Тие се стројни, со прекрасни облини, убаво лице, убава коса, и како цело тешко можеш да им најдеш мана (не дека ако решиш нема да успееш…). точно за нив кружат митови и легенди кои се благо кажано непристојни и во кои воопшто не треба да веруваме.

Убавите жени мислат само за партали и шминки

Зарем само убавите мислат на убава гардероба и шминки? Тоа е исто како што мажите се занимаваат со спорт, автомобили и пиво. Освен тоа овие девојки исто така се стремат кон љубов, пријателство, успех во животот и редица нормални работи, кои не се поврзани со нивниот изглед.

Убавите жени се глупави

Да кажеш дека една жена е глупава само затоа што изгледа добро, те прави тебе оној глупавиот. Не неа. Интелектот нема ништо заедничко со убавината. Ако беше така, значи сите не толку симпатични девојки ќе беа генијалци.

Убавите жени никогаш не се осамени

Всушност е токму обратно. И тоа благодарение на предрасудите. Повеќето мажи не смеат да им се приближат, а оние кои се осмелуваат најчесто се женкари. И ако на ова додадеме дека на убавите жени често се гледа како на трофеи, самите можеме многу лесно да претпоставиме колку всушност се осамени и тие.

Зошто е важно да го знаеме ова? Бидејќи е крајно време да престанеме да ги коментираме луѓето кои не ги познаваме. Бидејќи така некој може да ја пропушти шансата за верен пријател или можеби големата љубов. Едноставно да бидеме отворени и да им дадеме шанса на луѓето пред да ги осудиме.

Прочитај

____баланс новости и трендови

Во семејството на добитници од инстант лотаријата на Државна лотарија се приклучи нова среќна добитничка — К.Т. од Битола, која со еден изгребан лоз...

____celebrity

Музичката ѕвезда Ријана и нејзиниот партнер, раперот ASAP Rocky, добија девојче. Ова е нивното трето дете. Таа ја сподели добрата вест на социјалните мрежи....

Green Tea

Се грижиме за нашата кожа во текот на денот главно со хидратантни креми, серуми и слично. Сепак, не треба да се занемари вечерната и...

Green Tea

Јадењето повеќе овошје и зеленчук може да помогне во намалувањето на крвниот притисок, но еднo полно со хранливи материи се издвојува од останатите. Високиот...

Advertisement