Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Совети за Секс и Врска

Три афродизијаци за незаборавен секс

Зачинете го сексуалниот живот со храна која ја прдизвикува страста. Уживајте со партнерот во специјалитетите и коктелите направени од намирници кои го стимулираат апетитот за секс, а потоа препуштете се на топлите еротски игри.

КОКТЕЛ НА СТРАСТА

Потребни состојки:

  • 200гр свеж ѓумбир
  • 2 л вода
  • 3 грепфрути
  • 3 лимони

Начин на подготовка:

Ситно исецкајте го ѓумбирот и помешајте го со вода. Исцедете го сокот и додадете цеден лимон и грепфрут. Ако сакате малку да го зачините вашиот пијалок, додадете бибер.

ВЕНЕРИНА ПЕНА

Потребни состојки:

  • 1 банана
  • ½ јаболка
  • ½ портокал
  • киви
  • белка од јајце
  • 4 лажици шеќер
  • лажица ликер од ментол
  • 2 тенки парчиња лимон

Начин на подготовка:

Истолчете го овошјето, додадете ги преостанатите состојки и матете три минути. Напитокот поделете го во високи чаши и декорирајте со парчиња лимон.

ЉУБОВНИ ЛАЗАЊИ

Потребни состојки:

  • пакување кори за лазањи
  • 100гр школки
  • 100гр лигњи
  • 75гр шкампи
  • 200гр путер
  • 3 лажици брашно
  • ½ литри млеко
  • ½ чаши бело вино
  • 2 лажици маслиново масло
  • сол
  • бибер

Начин на подготовка:

На маслиново масло пржете ги школките, лигњите и шкампите, зачинете со сол и бибер. Кога малце ќе потемнат, додадете бело вино и варете две минути.  За бешамел сос пропржете го брашното на путер, додадете млеко, малку посолете и варете се додека не се згусне.

Во подмачкан плех редете ги корите за лазањи, сосот од морски плодови и бешамел сос. Постапката повторете ја уште два пати, важно е само да завршите со корите. Лазањите печете ги 25 минути на 200 степени.

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

____celebrity

Така го одржува својот неверојатен изглед. Шарлиз Терон моментално се одмара на плажа на Хаваи. 50-годишната актерка со години ги воодушевува обожавателите кои се...

Astro

Според статистиката, овие 3 хороскопски знаци живеат најдолго. Луѓето кои живеат над 100 години имаат разни тајни за нивната долговечност, но се чини дека...

Wall Street

Инстант лозот  „Доме сладок доме“ на Државна лотарија повторно израдува со нова освоена премија Ордан Зарински од Штип е најновиот добитник на премијата од...

Green Tea

Комбинацијата од рузмарин и ловоров лист не само што го подобрува вкусот на вашите јадења, туку носи и бројни здравствени придобивки, од подобро варење...

Advertisement