Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Совети за Секс и Врска

Тајната на среќните луѓе

Има луѓе околу кои се чини струи необична аура. Тие емитуваат смиреност, позитивизам и секогаш се насмеани. А тоа ги тера другите постојано да бараат блискост со нив. Не, тие не нашле никава тајна среќа, ниту пак таа им е дадена, тие одбрале да бидат среќни!

Овие луѓе исто така имаат проблеми, но некако успеваат да се издигнат над нив. Или можеби едноставно сватиле дека животот без нив би бил здодевен. Тоа ги прави неодоливо магнетски – за спротивниот пол, за истиот пол, за луѓето од сите возрасти и култури…

Скоро секој човек може да биде таков. Само ако промени некои модели во однесувањето и размислувањето. Еве кои се тие:

*”Да ја правиш вистинската работа. Никогаш да не се плашиш да го правиш она што е во твоето срце. Особено, ако влогот е среќата на друг човек.

*Да не озборуваш и да не правиш проценки. Големите умови дискутираат за идеи. Оние на средно ниво дискутираат за настани. Малиот ум зборува за другите луѓе. Вистинската стратегија е: Ако не разбираш нешто, поставувај прашања.

*Да ги охрабруваш луѓето кои имаат потреба од тоа.

*Да бидеш позитивен. Да размислуваш позитивно. Да се извинуваш брзо и да простиш уште побрзо.

*Да не го поминуваш времето од својот живот за да извршуваш невозможна задача да бидеш некој друг.

*Да бидеш нежен.

*Да ја оставиш потребата секогаш да бидеш во право. Да знаеш дека не е задолжително некој друг да погрешил за да имаш право.

*Да бидеш лојален. Да им бидеш верен на своите партнери. Да бидеш чесен.

*Да бидеш флексибилен и да се трудиш да го држиш својот ум отворен за сите промени, кои ти се наметнуваат, за да растеш и да се развиваш.

*Да веруваш во себе и во она што си. Да бидеш убеден дека внатрешната сила е поголема од пречките пред тебе. Да знаеш дека никој не може да ги заврши работите наместо тебе.

*Да веруваш во своите соништа. Да знаеш дека оној кој се надеваш да станеш еден ден, е многу голем дел од оној кој си денес.

*Да истражуваш. Да знаеш дека можеш да направиш нешто со својот живот, откако ќе го пребродиш стравот од тоа да пробаш. Да почнеш да ги одстрануваш нештата од животот, кои ти одземаат од среќата и да почнеш да вклучуваш други кои додаваат на твојот живот уште живот.

*Да ги прегрнеш можностите на утрешниот ден. Без жалење. Без да гледаш назад и да те влече минатото. Да ја осознаеш и да ја приемиш можната појава како на повеќето прекрасни настани, така и на ужасните провалии.”

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

Green Tea

Овој моќен зелен, лиснат зеленчук е полн со витамини и минерали, а е најпознат по високите нивоа на железо, што се неопходни за целиот...

Fine Living

90-тите се вратија во декорот на домот, но сега во помодерна, елегантна верзија. Минимализмот, некогаш ладен и стерилен, сега доаѓа со природни тонови и...

Cotton Club

Во ноќ на голема напнатост на модната писта на „Victoria’s Secret“, Бела Хадид привлече внимание со својот жежок и никогаш подобар изглед. Кога се...

Green Tea

Витаминот Ц е еден од најважните хранливи материи, кој во нашето тело игра клучна улога во одржувањето на доброто здравје. Иако често се препорачува...

Advertisement