Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Совети за Секс и Врска

Случајни познанства, секогаш добра шанса!

Наидувате на пормотерка на улица, која има преубава насмевка и веднаш се заљубувате во неа. Спремни сте да купите се  од неа, само за да ве запомни. Уште ако успеете да и го земете бројот, или дознаете како се вика за да може да ја побарате на Facebook, тогаш сте вистински среќник. А после што ќе биде? Господ нека е со вас!

Ако пак сакате да ја пронајдете онаа вистинската , многу се мали шансите дека ќе ја сретнете во дискотека. Дури и ако сте панкер, хеви-металец, излегувате на места каде што излегуваат луѓе слични на вас, колкави се навистина шансите да се појави девојка поради која нема да можете да спиете со ноќи?  Но затоа додека одите по улица, секојдневно ви се случува да помине покрај вас девојка која ви го одзема здивот и по која константно се вртите затоа што препоставувате дека можеби никогаш повеќе нема да ја сретнете во животот. Еден контакт е доволен да се осетите како најголем среќник во животот. Сосема случаен контакт.

Како да постапите во таква ситација? Како на таа девојка да и дадете на дознание дека не сте толку лесно заљублив, дека не се заљубувате во првата што ќе ја сретнете на улица, туку дека во неа сте виделе нешто посебно, нешто што не може да се осети секој ден. Е тоа е моментот кога почнува да боли и кога си викате дека можеби е подобро никогаш да не ја сретневте. Разменувате некоја реченица, она ви врти грб и заминува во непознат правец, а вам ви останува сеќавањето на нејзиниот лик и насмевка.

Затоа подобро е да ги искористите тие неколку минути додека сте со неа најдобро што можете. Пробајте да ја импресионирате, да и покажете дека сте поинаков од луѓето кои таа ги сретнува секој ден.  Најдобро што можете да направите е да и покажете колку сте импресиониран од неа, да и доделите некој комплимент, поклоните внимание, па никогаш не се знае каде сето тоа ќе ве одведе. Можеби ќе ви возврати, можеби не, но во секој случај вреди да се проба, зар не?

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

____celebrity

Така го одржува својот неверојатен изглед. Шарлиз Терон моментално се одмара на плажа на Хаваи. 50-годишната актерка со години ги воодушевува обожавателите кои се...

Astro

Според статистиката, овие 3 хороскопски знаци живеат најдолго. Луѓето кои живеат над 100 години имаат разни тајни за нивната долговечност, но се чини дека...

Wall Street

Инстант лозот  „Доме сладок доме“ на Државна лотарија повторно израдува со нова освоена премија Ордан Зарински од Штип е најновиот добитник на премијата од...

Green Tea

Комбинацијата од рузмарин и ловоров лист не само што го подобрува вкусот на вашите јадења, туку носи и бројни здравствени придобивки, од подобро варење...

Advertisement