Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Совети за Секс и Врска

Силна љубов е возможна само со силен маж

Љубовта што ја барате, може да ви ја даде само силен маж!

Ако мажот има ограничени возможности и капацитет за да ги задоволи вашите емотивни потреби, тоа ќе го потисне, ќе му создаде притисок и тој порано или подоцна ќе исчезне.

Слабите мажи ги контролираат своите чувства и не си дозволуваат да се вљубат вистински од страв да не излезат од безбедната комфортна зона – тие не градат карактер, бараат лесни патишта.

Слабите мажи не можат и не сакаат да љубат.

Не ја толерирајте слабоста на мажите – тие ќе престанат да ве ценат и ќе ве остават за жена која нема да им простува. Ако вие му простите, еднаш, два пати – вие паѓате под неговиот морален стандард и веќе не сте специјална жена. Ако реагирате правилно, од обична жена можете да станете специјална жена .  Ако си ги затворите очите, ќе го изгубите и неговиот респект и неговата љубов.

Во природата опстануваат само најсилните. Ако вие ги трпите неговите слабости, вие не можете да бидете коректив на неговиот карактер – и тој ќе изгуби интерес и респект кон вас,  дури и без да знае зошто.

Причината е во тоа што секој човек тежнее да го постигне оној идеален образ кој го носи во главата за себе си. Ако вие го потикнувате вашиот маж да ви го даде најдоброто од себе си, да вложи максимум, да стане подобар, посилен, да постигне повеќе во животот – тој ќе ве сака поради начинот на кој се чувствува – поради респектот кој го чувствува за себе.

Ако сте се прашувале зошто мажите губат глава по жени кои ужасно ги третираат – тоа е одговорот. Мажите ги сакаат оние жени кои ги потикнуваат да ги надминат своите слабости, не жените кои постојано ќутат и толерираат.

 

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

Green Tea

Овој моќен зелен, лиснат зеленчук е полн со витамини и минерали, а е најпознат по високите нивоа на железо, што се неопходни за целиот...

Fine Living

90-тите се вратија во декорот на домот, но сега во помодерна, елегантна верзија. Минимализмот, некогаш ладен и стерилен, сега доаѓа со природни тонови и...

Cotton Club

Во ноќ на голема напнатост на модната писта на „Victoria’s Secret“, Бела Хадид привлече внимание со својот жежок и никогаш подобар изглед. Кога се...

Green Tea

Витаминот Ц е еден од најважните хранливи материи, кој во нашето тело игра клучна улога во одржувањето на доброто здравје. Иако често се препорачува...

Advertisement