Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Совети за Секс и Врска

Сакаш стабилна врска? Биди егоист!

Човек се раѓа умерен егоист но животот го менува. Тој или станува голем егоист кој ги дразни останатите или станува човек кој мисли за сите други, но не и за себе. Умерените егоисти се среќаваат се поретко.

Кога зборуваме за љубов што е според вас поважно – вие или партнерот? Всушност за да имате здрава врска вие прво треба да се сакате и почитувате себе си, а после тоа партнерот. Не треба да бидете во врска поради страв од осамен живот, несигурност и зависност. Кога двајцата партнери си го гледаат како својот така и туѓиот интерес и имаат лично пространство тогаш врската им е здрава и им носи задоволство.

Повеќето од вас веќе биле на крилата на љубовта нели? Знаете како е да се биде вљубен и да правиш се возможно за човекот до себе како и често да ги запоставуваш своите чувства и емоции, за да биде тој среќен.

Кога ќе се качите на авион вие добивате инструкции за во случај на катастрофа. Најважното од сето тоа е дека треба да направите се што можете за да се спасите. Но зошто не ви велат да им помогнете и на другите? Зошто нема смисла да се борите за туѓиот живот кога вашиот виси на влакно и зошто ако не сте хумани по природа нема кој да ве убеди дека треба да им помагате и на оние околу вас.

Ситуацијата во љубовта е многу слична. Вие не можете да го сакате вистински човекот до себе ако самите не се сакате доволно. Затоа е поважно прво да си го гледате сопствениот интерес, за да сте среќни и дури тогаш да ја споделувате љубовта со околните – партнер, пријатели, роднини и др.

Не бидете жртва на љубовта, ослободете се од робското размислување. Ако човекот до вас не ве цени, најдете друг. Нели во љубовта е важно да се чувствуваш слободен?

 

Прочитај

____баланс новости и трендови

Во семејството на добитници од инстант лотаријата на Државна лотарија се приклучи нова среќна добитничка — К.Т. од Битола, која со еден изгребан лоз...

____celebrity

Музичката ѕвезда Ријана и нејзиниот партнер, раперот ASAP Rocky, добија девојче. Ова е нивното трето дете. Таа ја сподели добрата вест на социјалните мрежи....

Green Tea

Се грижиме за нашата кожа во текот на денот главно со хидратантни креми, серуми и слично. Сепак, не треба да се занемари вечерната и...

Green Tea

Јадењето повеќе овошје и зеленчук може да помогне во намалувањето на крвниот притисок, но еднo полно со хранливи материи се издвојува од останатите. Високиот...

Advertisement