Независно дали е во врска, дали е сама, сакана, оставена, жената секогаш треба да биде Жена! А тоа значи дека треба да има контрола врз својот живот и да владее со секоја една ситуација особено ако во неа учестува и машка особа. Затоа мили дами прочитајте го правилата на вистинската жена и обидетете се секогаш да ги применувате.
Вистинската жена никогаш не ја жртвува својата самодоверба, само колку да добие внимание од мажот во нејзиниот живот. Ќе кажеме кратко и јано: Никој не вреди до толку! Точка!
Вистинската жена е мила, љубезна и ги почитува останатите. Хистеричните и невротичните испади се симптоматични за слабите карактери.
Таа не живее за туѓото мислење. Таа никогаш нема да го подари своето срце на некој маж само од страв дека ќе остане сама.
Вистинската жена знае дека негативниот однос на другите кон неа произлегува од нивната лична несигурност и болка. И нема потреба да им се осветува за ништо, бидејќи нив судбината веќе им се осветила.
Таа ги признава своите грешки и не смета дека извинувањето е еднакво на понижување како што сметаат искомплексираните и исфрустрирани особи.
Вистинската жена живее за да се развива и усовршува. Нејзината цел не е мизерно постоење на грбот на некој друг.
Случајниот секс за неа не е нешто лошо!
Независно од ситуацијата таа секогаш делува со респект и достоинство. Дури и кога е ранлива.
Вистинската жена се грижи за својот надворешен изглед. Не поради другите! Го прави тоа исклучуво за себе си.
Таа е фокусирана на луѓето кои ј сакаат и ценат. Никогаш нема да им сврти грб за да ги спечали симпатиите од некој друг.
Вистинската жена не ги мрази мажите. Таа само доволно се цени себе си, за да би дозволила да си го губи времето со некој кој не ја заслужува.
Вистинската жена има одлични манири и софистициран начин на однесување. Просташтината и малограѓанското однесување не се на нејзино ниво.
Таа знае дека е подобро да помине неколку години во потрага на единствениот, отколку неколку години со погрешен маж.

You must be logged in to post a comment Login