Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Совети за Секс и Врска

Овие мажи ништо не вредат!

Има мажи и маженца. И на никоја жена не и треба да се занимава со втората категорија. Затоа девојки запознајте ги типичните представници од групата.

Г-н “Тие ми се само пријателки…“

Овој мачо си има колекција од пријателки со кои излегува постојано, се допишува, разговара лигаво со нив по телефон, има пријателски секс…Ок, не дека е забрането мажот да има и други женски особи во својот живот, но дефинитивно девојката треба да биде секогаш на прво место, а не сто и прво. Освестете се девојки, заслужувате многу повеќе!

Сексуален агресор

Тој не е способен на нормален разговор, без да подметнува постојано фрази со сексуална тематика, без да престане да зјапа во вашето деколте и постојано да пробува да ве пипне…Прво на ова момче му треба специјална помош, второ нема да е лошо да излезе од пубертет и трето – речиси 100% е чиста нула во кревет. Заклучок – удрете му корпа девојки!

Вљубен во себе

Тој е секогаш во право, тој секогаш знае многу повеќе, тој никогаш не е виновен за ништо, тој очекува другите да ги вршат работите наместо него, зошто се должни…тој е перфектен! И воопшто не ви треба да си имате работа со таков индивид, кој не гледа подалеку од носот!

Скржавец

Излегувате на прв состанок и сметката се дели на два дела, а ако земете да почастите – уште подобро! Девојки, бегајте од такви мажи. И поверувајте, тоа не ве прави материјалистки. Ако тој не ве разгали на првиот состанок, што останува за после? Сепак мажот треба да биде подршка на жената и на материјален и на духовен план.

Перверзен чичко

Тој е стар, но тоа не му пречи да пушта лиги по три пати помлади девојки. Таквите мажи обично не успеале да пораснат, ни пак знаат да сакаат вистински. Најверојатно ќе се обидат да ве придобијат со парите, но другата најверојатна работа е дека тешко ќе добиете нешто друго од нив.

Вообразениот богаташ

Ок, тој има пари и демонстративно го покажува тоа, кога треба и кога не треба. Девојки, вистински богатите мажи нема да се обидуваат да ве импресионираат со парите. За нив тоа е нешто сосема обично. А и таквите мажи имаат многу други квалитети со кои ќе остават впечаток. Вообразеното богаташче може и да фрли некоја пара за вас, но ќе ве откачи веднаш штом ќе се појави новата жртва. Гаранција!

Прочитај

____баланс новости и трендови

Во семејството на добитници од инстант лотаријата на Државна лотарија се приклучи нова среќна добитничка — К.Т. од Битола, која со еден изгребан лоз...

____celebrity

Музичката ѕвезда Ријана и нејзиниот партнер, раперот ASAP Rocky, добија девојче. Ова е нивното трето дете. Таа ја сподели добрата вест на социјалните мрежи....

Green Tea

Се грижиме за нашата кожа во текот на денот главно со хидратантни креми, серуми и слично. Сепак, не треба да се занемари вечерната и...

Green Tea

Јадењето повеќе овошје и зеленчук може да помогне во намалувањето на крвниот притисок, но еднo полно со хранливи материи се издвојува од останатите. Високиот...

Advertisement