Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Совети за Секс и Врска

Ова не е “квалитетен“ секс и еден ден ќе ви ја уништи врската!

Луѓето кои не се задоволни од својот сексуален живот знаат да бидат депресивни и разочарани. Со цел да го избегнете ова еве кои работи во никој случај не смеете да ги правите:

За добар секс пресудна е обострана хемија и страст помеѓу партнерите. Иако оваа формула изгледа како мошне едноставна, сепак постојат и некои фактори кои знаат да ја упропастат целата работа. Доколку се препознаете во некоја од наведените точки, под итно превземете ги работите во свои раце и направете веднаш промена.

Секс без страст

Ако сте и вие една од оние особи кои сексуалното уживање го мешаат со обврска која мора да се исполни со цел врската да биде успешна, а последниот оргазам сте го имале минатото лето, време е за промена. Проблемот не е во вас туку во начинот на кој пристапувате кон сексот.

Предиграта, заведувањето и сите оние работи кои ја разгоруваат страста постојат со причина и доколку сакате да стигнете до оргазам никако не смее да ги занемарувате.

Секс по распоред

Иако е добро да се биде организиран и да се води сметка и за најмалите детаљи, сексот никако не смее да се најде на вашата листа со обврски. Можеби е навистина тешко да се издвои време за романтично водење љубов со свеќи, но она што никако не смеете да го изгубите е спонтаноста. Спонтаниот секс е најстрасниот, а ако сакате повторно да доживеете експлозија на  емоции и страсти, изненадете го својот партнер на што тој ќе ви биде многу благодарен.

Секс на екс

Сексот набрзина може да биде многу возбудлив и интересен, но ако вашиот сексуален однос редовно се сведува само на неколку минути време е да се запрашате – дали е тоа навистина се што можам да дадам или добијам?

Секс како рутина

После одредено време поминато со партнерот паровите веќе напамет знаат која положба или поза во сексот најмногу им одговара или на кој начин најлесно стигнуваат до оргазам. Иако тоа не е нешто лошо, тенка е границата помеѓу препознавање на потребите на партнерот и монотонијата.

Задржете ја својата рутина но задолжително одвреме на време правете отстапки со кои ќе ја разбиете воспоставената сексуална шема.

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

____celebrity

Така го одржува својот неверојатен изглед. Шарлиз Терон моментално се одмара на плажа на Хаваи. 50-годишната актерка со години ги воодушевува обожавателите кои се...

Astro

Според статистиката, овие 3 хороскопски знаци живеат најдолго. Луѓето кои живеат над 100 години имаат разни тајни за нивната долговечност, но се чини дека...

Wall Street

Инстант лозот  „Доме сладок доме“ на Државна лотарија повторно израдува со нова освоена премија Ордан Зарински од Штип е најновиот добитник на премијата од...

Green Tea

Комбинацијата од рузмарин и ловоров лист не само што го подобрува вкусот на вашите јадења, туку носи и бројни здравствени придобивки, од подобро варење...

Advertisement