Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Совети за Секс и Врска

Неоправдани причини и изговори зошто луѓето остануваат во несреќни врски

Страв од самотија, интерес, емоции, површност… листата на причини е долга, но тоа не значи дека сите се издржани.

neopravdani-pricini-i-izgovori-zosto-lugeto-ostanuvaat-vo-nesrekni-vrski-001.jpg

Овие 9 изговори се најчести, но и најопасни причини заради кои можете да останете во врска во која сте далеку од среќни:

1. Имаме добар секс

Да, знаеме, сексот е важен. Но, ако врската ви се сведува на секс, а надвор од спалната соба сте несреќни, оваа реченица нема смисла.

2. Долго сме заедно

Ова исто така значи дека сте несреќни, но само затоа што сте вложиле многу време и труд, се согласувате да тоа да остане непроменето. Ако врската не функционира, ништо друго не е важно. Луѓето би требало да бидат со личност која ја сакаат, а не со која имаат поминато најдолго време.

3. Се плашам да бидам сам/а

Никогаш нема да бидете сами – имате семејство и пријатели. И тие не ви посакуваат несреќни моменти. Самотијата е нешто што сите мораме да го искусиме во одреден период од животот, но полошо е чувството дека среќата ви зависи од некој. Подгответе се за ризик и ќе сфатите колку ослободено ќе се чувствувате.

4. За мене не постои друг/а

Само сетете се за колку бивши сте го кажале истото. А, баш мислевте дека тие се тие. На крајот од краиштата, секогаш можете подобро од претходно, па зошто не би било така и овој пат? не се откажувајте од пронаоѓањето на совршениот партнер или од тоа дека тој ќе ве пронајде вас. Завршувањето на несреќната врска е само чекор поблиску до оваа замисла.

5. Богат/a е, ха-ха

Беден став. Парите може да ви го променат животниот стил, но кој вели дека новиот животен стил ве прави посреќни?

6. Добар пар сме

Ако сте во врска само затоа што сметате дека сте идните Бекам, во тој случај, размислувањето ви е плитко и живеете во лажен свет. Таквата врска никогаш нема среќен крај.

7. Сите навиваат за нас

И тоа е причина да ги усреќите другите, наместо вие да бидете среќни?

8. Вреди заради убавите моменти кои ги имаме

Вистина е дека спомените се прекрасни, но што ви вредат ако немате подеднакво убава иднина?

9. Се надевам дека работите некогаш ќе се променат

Дали некој друг ќе се промени, не зависи од вас. Ако само тивко патите и очекувате да добиете повеќе љубов и внимание, не ви преостанува ништо друго освен да живеете во тага до крајот на животот. Сепак, секогаш подобра опција е нов почеток со некој со кој работите се далеку поотворени и поедноставни.

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

Route 66

Ова е целта што инвеститорот според бизнис планот и потпишаниот договор е должен да ја исполни – посочи Деспотовски. Според медиумите од Северна Македонија,...

Fine Living

Распространетиот коњанички имот има замок со осум спални соби и 150-години стара чуварска куќа. Двејн Џонсон се префрли во селата на Џорџија.Ентитет поврзан со...

Route 66

Повикувајќи се на добро информирани извори, Bloomberg објави дека Renault размислува да продаде дел од својот удел во Nissan за да собере неколку милијарди...

Fine Living

Домот на Ема Робертс покажува како да се создаде атмосфера на топлина и релаксација во со детали, бои и материјали.Актерката(и внука на Џулија Робертс)...

Advertisement