Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Совети за Секс и Врска

Машки тајни: Што тие навистина мислат за љубовта и сексот?

Мажите имаат свои мали тајни до кои жените тешко допираат. Меѓутоа благодарение на многу истражувања демистификацијата на мажите наголемо зеде замав, па сега некои работи се многу појасни за женскиот пол.

Разликите помеѓу женскиот и машкиот свет секогаш ќе бидат непремостиви, но токму и во тоа е убавината. Меѓутоа би било лага кога жените би рекле дека не ги интересира што е тоа што се мота во машката глава. Ние сме тука да ви откриеме некои работи.

Глумат оргазам

Новото истражување покажува дека дури 22% од испитаниците глумат оргазам, а најчесто возрасната група која тоа го прави е од 25 до 34 години, додека мажите од 18 до 24 тоа го прават многу помалку. Причина? Сакаат да ја задоволат жената, а знаат дека една од главните работи кои влијаат на нејзиното уживање е покажувањето дека и тој подеднакво ужива.

Сакаат деца исто како и жените

Истражувањето покажува дека мажите сакаат деца подеднакво како и жените како и тоа дека често се чувствуваат осамени, депресивни и неисполнето ако се во врска со жена што не сака деца и брак. Слободно разговарајте за деца со нив, потсвесно ќе уживаат во тоа.

Нивниот поглед открива колку се промискуитетни

Можете да дознаете колку еден маж е промискуитетен според начинот и траењето на неговиот поглед врз женското тело. Мажите кои долго гледаат во градите или карличниот појас често се послободни, а оние кои набрзо го пренасочуваат погледот се срамежливи и не им е пријатна помислата за секс со непозната особа.

Ги привлекуваат недостапните жени

Дури ако вашиот пријател има девојка, големи се шансите да го привлекувате и вие. Мажите кои имаат пријателка кон неа несвесно ќе развијат чувства, особено ако таа е во врска. Сето тоа е последица од нивниот надпреварувачки дух кој не им дава мир дури ни кога ја имаат својата девојка покрај себе.

Сакаат некој сличен на себе

Не само карактерно, туку и физички. Новата студија покажува дека дури 37% од мажите се склони да изберат жена што наликува на нив. Сличните црти на лицето им се привлечни, па затоа нека не ве изненадува тоа што многу парови изгледаат како да се во крвно сродство.

Foto-ilustracija: Foter.com / c@rljones [modelling]

 

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

____celebrity

Така го одржува својот неверојатен изглед. Шарлиз Терон моментално се одмара на плажа на Хаваи. 50-годишната актерка со години ги воодушевува обожавателите кои се...

Astro

Според статистиката, овие 3 хороскопски знаци живеат најдолго. Луѓето кои живеат над 100 години имаат разни тајни за нивната долговечност, но се чини дека...

Wall Street

Инстант лозот  „Доме сладок доме“ на Државна лотарија повторно израдува со нова освоена премија Ордан Зарински од Штип е најновиот добитник на премијата од...

Green Tea

Комбинацијата од рузмарин и ловоров лист не само што го подобрува вкусот на вашите јадења, туку носи и бројни здравствени придобивки, од подобро варење...

Advertisement