Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Совети за Секс и Врска

Малку место, за многу љубов

 

* Еден ден ќе се појави во твојот живот тој, и ти дури тогаш ќе разбереш зошто со претходните не успеало.

* Срцето нема слуги. Тоа само си го сервира и виното и отровот.

* Ако во животот имаш човек со кого забораваш на минатото…тоа значи дека тој човек е твојата иднина.

* Жалам што си ја раздавав душата на луѓе кои дури не заслужуваат ни името да ми го знаат.

* Никогаш не се обидувај да зафатиш специјално место во животот на некој. Зошто ако тој некој те цени, тој сам ќе направи место за тебе во својот живот.

* Кога двајца се создадени еден за друг, тие секогаш се враќаат еден кон друг, без разлика на тоа колку труд ќе вложат за да го сторат обратното.

* Најмногу не повредуваат оние кои ветиле дека никогаш нема да го сторат тоа.

* Сега знам! Нема парфем кој мириса подобро на мојата кожа од аромата на твоите раце. Нема други очи во кои така добро се пресликува мојата душа. Нема друго тело што така добро се вклопува со моето. Сега знам! Мојата лудост има име. Твоето. Не сакам да оздравам…

* Тоа што простувам не ме прави наивна! Ме прави вистински човек!

Тоа што плачам не ме прави слаба! Ме прави вистинска!

Тоа што грешам не значи дека не знам! Значи дека сум храбра!

Тоа што се извинувам, не значи дека сум глупава! Значи дека знам да ценам!

* Само човекот што може да ти даде се, може и да ти земе се.

* Таа не смееше да покаже ниту пред него,ниту пред било кој друг дека е ранлива, дека е несовршена, човек како сите останати. Ако знаат, дека носиш срце од стакло, ќе го скршат.

* Ако јас сум успеала да станам негово минато, сегашност и иднина, тој е мој…Секоја нова жена е опасна дотолку, доколку јас сум слаба и исплашена.

* Длабоки се моите очи. Длабоки.

Умееш ли да пливаш е прашањето?

До вчера ако си газел само во бари,

Тешко ќе ти биде со мене…

* И таа беше силна, горда, убава, умна, никој не можеше да и се фати за малиот прст, никој не можеше вистински да ја повреди. Таа никогаш не плачеше, беше недостижна, беше перфектна и во тоа беше проблемот…Силната жена е толку одбивна за мажот, колку што слабиот маж е одбивен за жената.

* Луѓето ми се подсмеваат бидејќи сум различна од нив, а јас им се смеам во лице бидејќи не се разликуваат еден од друг.

 

* Само јас си знам…

Колку сум имала и колку сум немала…

Колку сум земала и колку сум давала…

Како сум летала и како сум тонела…

Колку пати сум паѓала и како сум станала…

Колку пати сум плачела и колку сум страдала…

Како сум се мачела и како сум заборавила…

Затоа немој да ми судиш…

Без да знаеш колку ме чинело…

До мене да застанеш сега…

* Јас знам дека паднав. Беше толку високо.

Како вистински, како страшно ме болеше…

Крвареа раните – убиствено длабоки,

Јас паѓав, но паѓајќи – летав!

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

Green Tea

Овој моќен зелен, лиснат зеленчук е полн со витамини и минерали, а е најпознат по високите нивоа на железо, што се неопходни за целиот...

Fine Living

90-тите се вратија во декорот на домот, но сега во помодерна, елегантна верзија. Минимализмот, некогаш ладен и стерилен, сега доаѓа со природни тонови и...

Cotton Club

Во ноќ на голема напнатост на модната писта на „Victoria’s Secret“, Бела Хадид привлече внимание со својот жежок и никогаш подобар изглед. Кога се...

Green Tea

Витаминот Ц е еден од најважните хранливи материи, кој во нашето тело игра клучна улога во одржувањето на доброто здравје. Иако често се препорачува...

Advertisement