Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Совети за Секс и Врска

Како со помош на хипноза да манипулирате со мажите?

Дали ќе ве повика на втор состанок? Кога ќе ве запознае со неговата мајка? Дали некогаш ќе ве запроси? Ова се работи за кои повеќе не треба да се грижите…

Хипнотизер од Канада, Колин Кристофер тврди дека благодарение на тајни методи на манипулација при што се користат суптилни физички, визуелни и вербални сигнали, мажите не препознаваат дека нивните мисли се под женска контрола.

Поголемиот дел од неговите клиентки бараат помош незнаејќи како да го наговорат својот партнер конечно да посака свадба, но истовремено да биде и задоволен со таа одлука. Еден од првите чекори што тој ги нуди во случајот е жената да остава суптилни знаци низ домот како на пример списание за свадби, а тие полека ќе влегуваат во подсвеста на саканиот маж.

Бракот повеќето мажи ги прави нервозни, па е важно пораките да бидат суптилни и неприметливи за почеток – вели Колин Кристофер и додава дека многу е важно и друштвото, така да ве советува вие и вашиот сакан повеќе време да поминувате заедно со парови кои се во брак или кои сакаат и планираат брак.

Овој хипнотизер издал и книга во која ги советува дамите како да манипулираат со мажите. Тој ви ја открива тајната како да го натерате дечкото што ви се допаѓа да ве повика да излезете, но и како да си загарантирате и втор состанок. За успех е потребно да дознате што повеќе информации за човекот за да би можеле да ги прилагодите своите интереси со неговите. Кристофер оди толку далеку што например препорачува на состанокот да се облечете во неговата омилена боја.

Во својата книга тој ги советува жените дека гаранција за успех е да знаете да ја користите моќта на сугестијата за да добиете се што сакате.

Следбеничките на Кристофер знаат како да разговараат со мажите, како да го читаат говорот на телото. На пример поглед налево обично значи дека тој не го мисли истото што го зборува, а поглед надесно значи спротивно. Исто така кога се кажуваат лаги, зениците се шират.

Можеби она што во минатото се нарекувало магија, денес може да се нарече суптилна сугестија или манипулација со нечиј ум?

Foto: Successthroughmanipulation.com

Foto: Successthroughmanipulation.com

httpv://www.youtube.com/watch?feature=player_embedded&v=_mGvfM1TkrE

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

____celebrity

Така го одржува својот неверојатен изглед. Шарлиз Терон моментално се одмара на плажа на Хаваи. 50-годишната актерка со години ги воодушевува обожавателите кои се...

Astro

Според статистиката, овие 3 хороскопски знаци живеат најдолго. Луѓето кои живеат над 100 години имаат разни тајни за нивната долговечност, но се чини дека...

Wall Street

Инстант лозот  „Доме сладок доме“ на Државна лотарија повторно израдува со нова освоена премија Ордан Зарински од Штип е најновиот добитник на премијата од...

Green Tea

Комбинацијата од рузмарин и ловоров лист не само што го подобрува вкусот на вашите јадења, туку носи и бројни здравствени придобивки, од подобро варење...

Advertisement