Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Совети за Секс и Врска

Како се однесуваат жените кои имаат успех кај мажите?

Во минатото ги учеле девојките на одредени манири и начини на однесување, но денес сето тоа треба да го учиме сами, од своите грешки или од грешките на другите.

Некои од вас сигурно веќе знаат колку е важно ако не и пресудно однесувањето на една жена што се однесува на мажите. Знаете ли што треба да прави, а што не, една жена за да има успех кај мажите?

Како прво и најважно, категорично не треба да имате секс на првата средба. Дури и многу да сакаш, дури и многу да те молат. Мажите се ловци и нема да трчаат повеќе по „пленот“ што лесно го уловиле. Банално, старомодно, но е факт!

Не смееш да му се јавиш веднаш после средбата, ако се уште не се познавате добро. Подобро направи пауза и чекај тој да биде тој што прв ќе те бара.

Не треба недвосмислено да му предложиш средба или отворено да му се наметнуваш. Се што правиш треба да е деликатно и добро обмислено.

Не треба периодично да го заплашуваш со прекратување на врската за било каква ситница. Еден ќе издржи пет пати, друг ќе исчезне уште на третиот пат.

Не треба да го сметаш за единствената светлина во животот и да си го уништуваш сопственото расположение и тоа на другите со постојани воздишки, заборавајќи на својата цена.

Не треба да го чекаш моментот, кога тој ќе реши да го прекине телефонскиот разговор, труди се секогаш ти да се збогуваш прва.

Не треба да мрмориш кога си со него, како да си му мајка или сопруга.  Не си дозволувај да го гушиш и подчинуваш. Дури и кога му противоречиш, треба да го запазиш чувството на хумор и некаква дистанца.

Верувајте дека се што ќе влошите во себе како градење на карактер и достоинство, наскоро ќе биде наградено со прекрасна врска и брак!

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

____celebrity

Така го одржува својот неверојатен изглед. Шарлиз Терон моментално се одмара на плажа на Хаваи. 50-годишната актерка со години ги воодушевува обожавателите кои се...

Astro

Според статистиката, овие 3 хороскопски знаци живеат најдолго. Луѓето кои живеат над 100 години имаат разни тајни за нивната долговечност, но се чини дека...

Wall Street

Инстант лозот  „Доме сладок доме“ на Државна лотарија повторно израдува со нова освоена премија Ордан Зарински од Штип е најновиот добитник на премијата од...

Green Tea

Комбинацијата од рузмарин и ловоров лист не само што го подобрува вкусот на вашите јадења, туку носи и бројни здравствени придобивки, од подобро варење...

Advertisement