Опседнатоста на жените во барањето на партнер ги тера да се однесуваат на начин кој е одбивен за мажите. Многу често во такви ситуации жените почнуваат да се облекуваат провокативно, да изгледаат леснодостапно, па дури и агресивно, никогаш не се сосема опуштени, а тоа води до слаби резултати.
Голем дел од девојките сметаат дека само ако имаат партнер ќе бидат вистински среќни. Но таквото размисливање може само да ви наштети.
Експертите во кратки црти објаснуваат зошто. Една од основните причини е фактот што жените во ситуација кога се чувствуваат очајно и се обидуваат по секоја цена да најдат партнер, ги намалуваат своите критериуми и најчесто прифаќаат помалку од она што реално заслужуваат. Но како би можел да очекуваш некој вистински да те сака, ако самата не се цениш, односно не се сакаш доволно себе си?
Самоуверените и задоволните жени се многу попривлечни за мажите и затоа експертите нагласуваат дека љубовта ќе ти се случи тогаш кога најмалку ќе ја очекуваш, а не кога очајно и по секоја цена ќе ја бараш. А пред се најважно е да си среќна во својата кожа заобиколена со позитивни луѓе и да не ги форсираат работите за да не добиеш контра ефект.

You must be logged in to post a comment Login