Праќањето на еротска порака е знак за сериозни намери, сметаат британските сексолози кои во експериментот вклучиле 15 000 мажи и жени на возраст од 18 до 40 години.
Се секое следно поколение мажите и жените започнуваат се почесто да комуницираат со пораки кои често содржат доста лична и интимна информација.
Околу 43% од испитаниците признаваат дека минатиот месец праќале еротски пораки. 65% од нив се осмелуваат да го сторат тоа само во случај кога сметаат дека се работи за нешто посериозно. Тоа не им пречи на девојките да праќаат еротски пораки со сексуален подтекст на повеќе од еден маж, а 27% од дамите признаваат дека барем еднаш испратиле своја разголена фотографија.
Според психолозите оваа тенденција се должи на фактот дека скромноста повеќе не е важна вредност во модерниот свет. Социјалните мрежи имаат огромно влијание на односите меѓу луѓето. Анкетираните поминуваат околу 10 часа седмично на Фејсбук.