Доколку имате полни усни тогаш Вие сте вистинска среќница, бидејќи резултатите од најновите истражувања покажуваат дека жените со полни усни полесно доживуваат врв во задоволството при интимните односи.
Според истражувањето, жените коишто имаат порамен облик на усните потешко постигнуваат оргазам и затоа се сметаат за поладни.
Околу 250 жени на возраст од 18 до 35 години го опишувале својот сексуален живот, а научниците набљудувале какви усни имаат тие.
Меѓу жените кои имаат полни усни во облик на срце, 95% рекле дека лесно дожувуваат оргазам без дополнителни стимулациии. Околу 60% од жените со рамни усни рекле дека немаат проблем и дека до оргазам доаѓаат подеднакво лесно.
Интересно… се согласувате ли?

You must be logged in to post a comment Login