Денес е “Día Internacional del Orgasmo Femenino” што е всушност на шпански, а значи “Интернационалниот ден на женскиот оргазам”. Денес се слави правото на жената да достигне сексуален климакс. Последните статистики за светското сексуално однeсување покажа дека само една третина од жените можат да доживеат оргазам.
За овој ден, “виновен” е советникот на Бразилците во Есперантина, Ариматејо Дантас. Приказната е дека господинот Дантас сака да и’ надокнади на својата жена за неговите “сексуални долгови” и препорачал ден посветен на женскиот оргазам.
Празникот многу брзо станал познат во Бразил, а набрзо се проширил и низ целиот свет.
Според основачите на Интернационалниот ден на оргазмот (тотално различен од Интернационалниот ден на женскиот оргазам), многу религии го сметаат оргазмот како акт на молитва која се користи за да се фокусира мозокот на божественоста за време на креацијата.
Додека сме на оваа тема, еве уште неколку интересни факти за оргазмот:
На повеќето жени им е потребно најмалку 20 минути за да достигнат оргазам за време на сексот, додека на мажите им е потребно околу 7.
Оргазмот намалува болки. Едната причина е затоа што оргазмот опушта и го одвлекува вниманието, а друга причина е затоа што се доживува излив на хемикалии и емоции.
Како стареете, оргазмот станува подобар. Американска студија објави дека дури 70% од жените меѓу 40 и 50 години доживеале оргазам за време на секс, споредено со 65% од жените во нивните 30-ти години. Се верува дека поголемото разбирање за своето тело и своите партнери, заедно со претпоставената зголемена доверба и интимност го покачуваат тој процент.
Бонус видео

You must be logged in to post a comment Login