Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Совети за Секс и Врска

Дали сте навистина среќни?

Поголем дел од луѓето за себе би рекле дека се прилично среќни. Меѓутоа постојат знаци кои покажуваат дека тоа и не е баш така, туку дека самите себе се залажувате. Ако препознаете некој од следните показатели веднаш внесете итни промени во својот живот и превземете се што е потребно за ба бидете навистина среќни…

Претерано гледање ТВ

Сите понекогаш сакаме да поминеме цел ден пред телевизор. Во тоа нема ништо лошо, на сите нас понекогаш ова ни е потребно. Меѓутоа ако ова претставува нешто што се повторува секојдневно, можеби станува збор за внатрешно незадоволство. Едно истражување покажало дека луѓето кои се среќни многу помалку гледаат телевизија од оние кои се несреќни и своето слободно време го користат на друг начин.

Нарушување на сонот

Организмот што не добива доволно сон многу е почувствителен на дејството од кортизолот, хормонот на стресот, за разлика од оној што е доволно одморен. Сонот и среќата се тесно поврзани. Ако ги имате сите услови за квалитетен сон, а сепак не можете нормално да спиете, тоа е сигурен знак дека не сте ни среќни, ни задоволни.

Голем стрес

Чувството на сигурност и удобност создава задоволство, а тоа е еден од клучните фактори за постигнување вистинска среќа. Од друга страна, претераната стресна атмосфера предизвикува различни анксиозни состојби и несигурност, незадоволство и напнатост. Иако стресот не можеме сосема да го елиминираме од својот живот, позитивното размислување и оптимизмот можат да ни помогнат подобро да се справуваме со таквите ситуации.

Добри односи со останатите

Сигурен знак за недостаток на среќа во животот е тешкото решавање на несогласувањата со останатите луѓе. Научниците утврдиле дека луѓето кои често се заобиколени со други луѓе се многу посреќни. Исто така докажано е и дека луѓето кои се во брак се многу посреќни од самците. Мирниот, пријателски однос со другите е сигурен знак дека сте среќни и исполнети.

Потрага по уживање

Луѓето кои постојано бараат нови извори за уживање всушност не се среќни. Задоволството и уживањето се две различни работи. По дефиниција уживањето е минливо чувство кое потикнува желба за поголеми стимули во иднина. Од друга страна, задоволството значи да ги цениш сегашните околности такви какви што се и тука да го пронајдеш она најдоброто. Проблемот со патолошката потрага по уживање е внатрешна празнина која ни едно уживање нема сила да ја пополни.

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

Green Tea

Кога ќе ги почувствуваме првите симптоми на настинка, повеќето од нас инстинктивно посегнуваат по шолја топол чај. Освен што е пријатно топол и опуштачки,...

Green Tea

Ако често ви се чини дека вашиот ориз е леплив, кашест или премногу тврд, не сте сами. Иако изгледа како едноставна храна, оризот бара...

Wall Street

Игрите на среќа на Државна лотарија одамна се дел од секојдневието, не само како можност за добивка, туку и како мигови на забава, надеж...

____celebrity

Актерката Рис Витерспун (49) сподели серија семејни фотографии во празничен дух на својот Инстаграм профил, а една од нив особено го привлече вниманието на...

Advertisement