Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Совети за Секс и Врска

9 знаци дека сте подготвени за нова врска

После раскинување, особено ако се работело за долга врска, луѓето не се подготвени веднаш да започнат нова врска.

Секој има различни начини на справување со крајот на врската и секој на поинаков начин го лекува скршеното срце. Но, кога станува збор за почнување на нова врска како можете да знаете дали навистина сте подготвени да прифатите некој нов во својот живот?

Ова се 9 знаци дека сте подготвени за нова врска:

1. Не сте повеќе лути

Еден од начините на кои можеме да се справиме со тагата е со изразување на нашата лутина. Сигурен начин кој може да ви покаже дека сте емоционално подготвени за нова врска е кога веќе нема да чувствувате лутина која често доаѓа со врска која завршила лошо.


2. Не ги споредувате новите партнери со бившиот партнер

Запрашајте се, дали сте со новиот партнер бидејќи ве потсетува на поранешниот или навистина сакате да започнете нова врска?


3. Уживате во вашата слобода

Многу луѓе не си даваат доволно време да уживаат во својата слобода, што може да биде многу корисно за психата.


4. Не сакате да започнете нова врска бидејќи се чувствувате осамено

Ако поминавте доволно време сами, знаете дека новата врска нема да ја започнете од себичната потреба да не бидете осамени, туку дека навистина сакате да започнете нешто ново.


5. Повторно се чувствувате свои

Можеби во претходната врска сте морале да правите многу компромиси поради партнерот, што за момент се чувствувавте како поинаква личност, личност која не сакате да бидете.


6. Емоционално сте достапни

Не се плашите да чувствувате повторно и не се плашите од разочарување или кршење на срцето. Знаете дека тоа е дел од животот и подготвени сте за новиот почеток.


7. Повторно имате доверба во луѓето

После раскинување на врската луѓето често чувствуваат недоверба кон другите луѓе. Доколку повторно мислите дека можете да им верувате на луѓето и нивните постапки, подготвени сте за нова врска.


8. Не сте опседнати со: „Што ако…“

Фразата „Што ако“ често доаѓа после фазата на тагувањето. Се прашувате што би било поинакво доколку сте реагирале на поинаков начин, дали и во тој случај би раскинале со партнерот.


9. Можете да бидете навистина среќни за вашиот поранешен партнер

И покрај тоа што се случи помеѓу вас, сé уште можете да бидете среќни поради вашиот поранешен партнер.

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

Route 66

Ова е целта што инвеститорот според бизнис планот и потпишаниот договор е должен да ја исполни – посочи Деспотовски. Според медиумите од Северна Македонија,...

Fine Living

Распространетиот коњанички имот има замок со осум спални соби и 150-години стара чуварска куќа. Двејн Џонсон се префрли во селата на Џорџија.Ентитет поврзан со...

Route 66

Повикувајќи се на добро информирани извори, Bloomberg објави дека Renault размислува да продаде дел од својот удел во Nissan за да собере неколку милијарди...

Fine Living

Домот на Ема Робертс покажува како да се создаде атмосфера на топлина и релаксација во со детали, бои и материјали.Актерката(и внука на Џулија Робертс)...

Advertisement