Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Совети за Секс и Врска

7 Девет причини зошто треба да имате секс со партнерот секој ден!

Без разлика дали сте во брак или врска, една од предностите на моногамниот однос е токму сексот – редовните сексуални односи, подобро познавање на потребите на партнерот, а со тоа и поусовршено искуство и задоволство, меѓу другите. Но кога ќе се појави стресот и многу обврски, сексот е меѓу првите работи во врската што страда.

Се случува – Уморни сте, под стрес, нервозни поради партнерот или други луѓе и не сте расположени за ништо сексуално не само денес, туку деновиве. Но има парови што имаат секс речиси секоја вечер, пишува Huffington Post. Медиумот замоли неколку двојки да имаат секс секоја вечер (со исклучок на состојба на болест, неодложливо патување исл) и да го пренесат своето искуство и од тоа извлекоа неколку причини зошто сексот секоја вечер е добро.

1.  Овозможува да го поминете потребното време заедно. Ако обврските го пополнуваат денот, ноќта, пред спиење е одличен период да поминете квалитетно време заедно, и тоа со забавна активност како секс. А секојдневно практикување на ова, ќе ве одржи блискисо партнерот.

2.   Физичка активност, наместо вежбање. Ако немате време за вежбање, сексот е одлична физика активност за губење на калории.

3.   Ви ги трга мислите и грижите од умот на некое време. Без разлика дали е глумење на улоги или игри со секс-додатоци, ова искуство дефинитивно ќе ви ги тргне мислите од секојдневните грижи на некое време.

4.    Поврзување без разговарање. Некогаш немате желба ниту сила за разговарање или пак сте истоштени од зборови. Во вакви денови сексот е одличен начин на комуникација и поврзување со партнерот, без разговор.

5.   Полесно е да се договори и случи од дејт. За да одите на дејт, на пример вечера и кино, треба да претходно да се организирате, да закажете и да потрошите неколку часа на ова. Но во денови кога немате толку време, сексот е тука.

6.   Ја подобрува самодовербата. Фактот дека некој ужива интимно со вас и сака да го направи истото за вас, ја подобрува личната самодоверба не само во креветот туку и надвор од него.

7.   Гарантирано подобрување на расположението. Насмевките што ве пратат во текот на денот, и потпевнувањето на вашиот партнер, јасно е дека се резултат на утринскиот секс. Зошто не би сакале да сте секој ден вака расположени?

8.   Помалку караници. Одбивањето или апстинирањето од секс ги фрустрира луѓето и ги прави склони на расправии. За да не ви биде секојдневието исполнето со караници, имајте секс секој ден.

9.   Еден збор: Оргазам. Овој збор сам по себе го опишува исклучителното искуство што го нуди на секој од партнерите.

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

Green Tea

Овој моќен зелен, лиснат зеленчук е полн со витамини и минерали, а е најпознат по високите нивоа на железо, што се неопходни за целиот...

Fine Living

90-тите се вратија во декорот на домот, но сега во помодерна, елегантна верзија. Минимализмот, некогаш ладен и стерилен, сега доаѓа со природни тонови и...

Cotton Club

Во ноќ на голема напнатост на модната писта на „Victoria’s Secret“, Бела Хадид привлече внимание со својот жежок и никогаш подобар изглед. Кога се...

Green Tea

Витаминот Ц е еден од најважните хранливи материи, кој во нашето тело игра клучна улога во одржувањето на доброто здравје. Иако често се препорачува...

Advertisement