Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Совети за Секс и Врска

5 карактеристики на мажот кој никогаш нема да престане да ве сака

Жените кои веќе долго време се во брак велат дека во еден момент од нивната врска сфатиле дека оној кој го имаат до нив е вистинскиот.

5-karakteristiki-na-mazot-koj-nikogas-nema-da-prestane-da-ve-saka-001.jpg

Како? Едноставно знаеле.

Ако вие се чувствувате дека не знаете, не грижете се, во тоа може да ви помогнат следниве знаци. Тие се доказ дека се наоѓате до маж кој никогаш нема да престане да ве сака:

1. Потполно ви е посветен вам и вашата врска

Секоја врска мора да има свои подеми и падови, но важно е како личноста до вас се носи со сето тоа. Вистинскиот маж ќе го препознаете по тоа што е потполно посветен на вас и вашата врска, не само кога сè е совршено и во најдобар ред, туку и во моментите кога не оди сè баш онака како што сте замислиле и како што треба.

2. Тој не ги избегнува проблемите

Вистинскиот маж секогаш ќе настојува да го решите проблемот и нема да го „става под тепих“. Тоа е еден од најдобрите начини да ја одржите вашата врска таква каква што треба да биде, бидејќи во спротивно во еден момент може нешто помеѓу вас да „пукне“, па на вашиот партнер (или тој вам) да му кажете нешто што не сте сакале. Затоа вистинскиот маж, дури и најголемите проблеми, ги решава во вистинскиот момент и никогаш не ги остава настрана.

3. Обрнува внимание на малите нешта

Ситниците го одредуваат животот, па затоа вистинскиот маж, тој кој секогаш ќе ве сака, ќе обрнува внимание и на тие, наизглед неважни работи, бидејќи од нив може понатаму да настанат огромни проблеми. Мажот кој ве сака ќе знае да ги препознае тие ситници кои ви пречат и ќе се обиде да ги сведе на минимум и ќе ви објасни дека нема заошто да им придавате големо значење.

4. Сака да се чувствувате добро во своја кожа

За него секогаш сте најубава, во спротивно зошто би бил со вас? Тој секогаш ќе ви кажува колку ве сака, колку сте му убава и посебна и ќе направи сè вие да ја видите сопствената убавина преку неговите очи.

5. Тој секогаш сериозно ги сфаќа своите грешки

Ако ви згреши нешто и притоа се кае за тоа ќе му биде потребно долго време за да си прости за направената грешка. Ако некогаш се случи да ве повреди на кој било начин тој ќе даде сè од себе за да ја исправи грешката и да ви покаже колку му е жал за тоа што го направил. Мажот кој ве сака и кому му значите нема да бега од сопствените грешки туку ќе се обиде да ги исправи.

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

Route 66

Ова е целта што инвеститорот според бизнис планот и потпишаниот договор е должен да ја исполни – посочи Деспотовски. Според медиумите од Северна Македонија,...

Fine Living

Распространетиот коњанички имот има замок со осум спални соби и 150-години стара чуварска куќа. Двејн Џонсон се префрли во селата на Џорџија.Ентитет поврзан со...

Route 66

Повикувајќи се на добро информирани извори, Bloomberg објави дека Renault размислува да продаде дел од својот удел во Nissan за да собере неколку милијарди...

Fine Living

Домот на Ема Робертс покажува како да се создаде атмосфера на топлина и релаксација во со детали, бои и материјали.Актерката(и внука на Џулија Робертс)...

Advertisement