Претходно треба да напоменеме дека следниве опишани модели на сексуално поведение се соодветни за дами со статус сингл. За оние што се во врска веројатно знаат дека изборот за секој од нас е лична работа, па сами проценете!
Секс со странец
Тешко се разбирате, но неговото тело зборува доста добро. Дали вие патувате во странство или тој дошол тука, не пропуштајте ја шансата да помине покрај вас. Сигурно ќе ви останат добри спомени…
Секс со Единствениот
Сигурно мислевте дека тоа е Тој, но не е. Ви го скрши срцето и се прашувавте дали повторно ќе имате толку добар секс како со него. Ви ветувам, дека кога навистина ќе ја сретнете идеалната половина, ќе сватите дека Оној не бил Тој.
Секс со голееем пенис
Дај боже да ви се даде таква прилика за да имате искуство и да не се чудите понатака какво е чувството со “голем“ и дали навистина вреди. Во првиот момент ќе гледате малку збунето, ќе ви се наполнат очите, а после тоа ќе се потсетите како е да се биде девица, после тоа може да помислите дека жезолот има магични својства, но после тоа може и да се разочарате. Некои од мажите со големи алати навистина не знаат како да ги користат, но сепак ќе бидете жена која го доживеала и тоа и знае како е.
Лош секс
Тоа е оној вид секс, после кој ќе посакате веднаш да се истуширате и да избегате. Тоа ќе ви помогне да го оцените добриот секс кога ќе ви се случи.
Лут секс
Тоа е сексот кога сте лути на партнерот до тој степен што ви доаѓа во моментот да ја раскинете врската. Гневот може да биде моќен афродизијак, верувајте!
Секс со позната личност
Кој од вас не фантазирал да има секс со позната личност? Кога размислувам за ова, се чувствувам како секси милионче, а покасно мало денарче… Но ништо, сепак е материјал за интересна приказна, како и инспирација за сексуалната фантазија на некого…
Анален секс
Треба да откриете дали ќе ви се допадне, пред веднаш да ја отфрлите идејата како опција. За таа цел ќе ви треба и соодветен партнер – внимателен и нежен, кој ќе ги слуша вашите инструкции.
Секс со жена
Нема потреба да го правите постојано, доволно е само да бакнете друга девојка. Нема потреба да одите до крајности ако не ви се допаѓа.
Голема разлика во годините
Надминете ги предрасудите и пробајте секс со многу помлад и многу повозрасен од вас. Повозрасниот ќе ве опсипе со внимание, подароци и ќе се чувствуваш специјална. Со помладиот ќе правите секс постојано…
Доминантен секс
Пробајте секс каде вие ќе доминирате целосно. Контролирајте и правете што сакате. Можете да користите латекс, лисици и сл.
Секс “Не можам да издржам“
Голем дел од мажите за време на забава едноставно сакаат секс. Без премногу емоции, едноставно се впуштате во брзата процедура и го грабате она што ви се допаѓа, исто како што го прават тоа мажите.
Маструбација
Освен што ви носи задоволство, маструбацијата ви помага да откриете и да ги запознате деловите од телото за кои не сте сметале дека можат да реагираат сексуално при допир. Користењето на вибратор не е ни срамно, ни навредливо. Само уште еден начин да се почувствувате добро, да се ослободите од притисокот и да го добиете она што ви треба.

You must be logged in to post a comment Login