Луѓето што се обидуваат да продадат пентхаус вреден 32 милиони американски долари во срцето на Филаделфија, дефинитивно би заинтересирале повеќе луѓе доколку ги прошират гласините дека Бијонсе и Џеј Зи се заинтересирани…
Што го прави овој пентхаус толку привлечен?
Па, за почеток, има неверојатна тераса на покривот, на последниот кат од зградата со 26 ката.
Од терасата можете да уживате во спектакуларен поглед на градот, а благодарение на стаклениот солариум, каминот и отворената кујна, терасата може да се користи во текот на целата година.
Самиот пентхаус има околу 840 метри квадратни и нуди три пространи спални соби, четири купатила и три тоалети. Огромната спална соба има простории од подот до таванот од секоја страна. Додајте на тоа голема дневна соба со вграден бар, семејна просторија, пространа формална трпезарија со кетеринг кујна, кујна со балкон и канцелариски простор. Веруваме дека сега е појасно.
Дополнително, станарите на зградата можат да уживаат во прекрасен базен, фитнес центар, сауна и сала за јога, заедно со библиотека и билијард соба. Ако сакате овој пентхаус да биде ваш, подобро побрзајте затоа што Бијонсе и Џеј Зи веќе имаат закажано термин за обиколка на станот.







You must be logged in to post a comment Login